Барањето на статус и љубов ги мотивира децата да ги малтретираат другите деца

Social Buttons

Малтретирањето на децата на училиште е нешто што се случува во цел свет. Околу 15% од децата се жртви на овакво малтретирање, а тоа понатаму води до депресија, анксиозност, осаменост итн. Според една голема Холандска студија на Универзиетот во Гронинген, она што ги мотивира малтретирачите е барањето на статус и љубов.

Истражувачите во студијата вклучиле 500 деца на возраст од 9-12 години. Од резултатите на студијата заклучиле дека малтретирачите главно барале да се здобијат со статус преку малтретирањето на жртвите. За да избегнат да бидат отфрлени од другарчињата, за жртви ги одбирале оние деца кои биле послаби и не многу добро поврзани со другите. Накусо, децата малтретирачи се грижеле за тоа да бидат сакани и се труделе да не го загубат тоа.

Полот исто така играл влијание. На оваа возраст момчињата - малтретирачи се грижеле само да не ја загубат прифатеноста од другите момчиња и не им било важно дали девојчињата го одобруваат малтретирањето или не. Истото важело и за девојчињата. Кога тие бирале жртва од момчињата не се грижеле за мислењето на другите момчиња.

Една друга студија покажа дека родителите можат да имаат големо влијание во спречувањето на децата да малтретираат други деца. Rashmi Shetgiri - водач на студијата направена во Канада вели дека добрата комуникација со децата и вклученоста на родителите во животот на децата имаат незаменлив удел во однесувањето на детето и малтретирањето.

Во студијата биле вклучени 45,897 деца на возраст од 10-17 години. На родителите им биле поставувани пршања за да се дознае дали нивните деца малтретираат други деца и дали се сурови или злобни кон другите. Одговорите успеале да доведат до заклучок кои фактори го зголемуваат или редуцираат ризикот за детето да стане малтретирач.

Факторите на ризик вклучувале емотивни проблеми и проблеми во однесувањето кај децата, како и проблеми со менталното здравје на мајките. Децата кај кои биле присутни емотивни проблеми и покажувале проблематично однесување имале поголеми изгледи дека ќе ги малтретираат другите деца. Освен што мајките на децата кои биле малтретирачи изјавиле дека имаат не така добро ментално здравје, родителите на овие деца биле посклони често да се гневат врз своите деца и имале чувство дека децата намерно ги провоцираат.

Имало и фактори кои носеле намален изглед детето да биде малтретирач, тоа биле постари деца и деца кои редовно си ги пишувале домашните задачи. Родителите исто така имале улога во намалување на ризикот, оние родители кои повеќе комуницирале со децата, кои споделувале идеи со нив и имале запознаено најмногу од другарчињата на нивните деца имале најмали изгледи дека ќе имаат дете кое ќе малтретира.

Rashmi Shetgiri ги советува родителите ако е потребно да побараат стручна помош во врска со загриженоста за однесувањето на нивното дете, како и да обратат внимание на нивното ментално здравје и да се обидат да се однесуваат кон децата на неагресивен начин, контролирајки го гневот и негативните чувства.

Малтретирањето е сериозен проблем со големи последици, не само врз развојот на жртвата и детето кое малтретира, туку некои студии покажале дека студентите кои биле сведоци на малтретирање на други иако самите не биле жртви имаат значително поголеми изгледи за ментални здравствени проблеми.

Designed by Antsin.com