Учењето да свират музички инструмет е добро за развојот на мозокот на децата

Студија открива дека свирењето на музички инстурмет го зајакнува мозокот, а најголема корист се постигнува ако со лекциите се почне на рана возраст до 7 години.

Научниците велат дека раната музичка обука им помага многу повеќе на децата, отколку само да им помогне полесно да уживаат во музиката.

Таа го променува нивниот мозок и може да им даде когнитивни предности.

Кинеските истражувачи го проучувале мозокот на 48 мажи и жени на возраст од 19-21 год. Сите тие имале барем една година музичка наобразба, а некои почнале да учат музика кога имале само 3 години.

Деловите на мозокот кои се клучни за јазикот, планирањето и менаџирање на времето биле посилни кај оние кои почнале на помала возраст.

Освен тоа, поголеми биле областите во мозкот кои се задолжени за слушање и себесвесност.

Истражувачите од Пекиншкиот Универзитет велат дека некои од регионите врз кои влијаела музиката рапидно се развиваат во рана возраст.

Уште се покажало дека музичките лекции не биле залудни ни за возрасните кои не свиереле инструмент од кога биле деца и имале полза од вежбањето од пред децении.

Сите музички инструменти, од пијано па до хармоника, биле еднакво полезни.


Други студии покажаа дека учењето на музички инструмент може да го зголеми коефициентот на интелигенција и да го олесни учењето на нови јазици, како и читањето на туѓите емоции.

Иако музичките часеви генерално се сметаат за корисни, се смета дека најголема полза од нив имаат оние кои уживаат во учењето на инструментот.