Кога родителите ги кршат срцата на децата

Social Buttons

Постои силна биолошка врска помеѓу негативните искуства на децата во раното детство и физичкото здравје и срцеви заболувања во текот на животот како возрасни единки.

Нова студија од UCLA за прв пат ги проучуваше долгорочните последици од злупотреба или недостаток на љубов во раното детство врз телесниот регулаторен систем.

Студијата покажа дека родителите можат баш да им ги скршат срцата на децата.

Најголем ризик имале оние деца што имале високо ниво на злоупотреба, комбинирано со ниско ниво на љубов и топлина.

Сепак не е се така црно, барем кога се работи за физичкото здравје. Водачот на студијата udith E. Carroll, вели:

Нашите наоди сугерираат дека може да има начин за да се намалат последиците од злоупотребата барем кога се работи за физичкото здравје.

Ако детето прими љубов од родителска фигура, односно од друга возрасна личност, тоа може да го зашитити од негативното влијание врз неговото здравје.


Децата пак кои немале родителска фигура која им покажува љубов немале и таква заштита.

Во студијата учествувале 756 возрасни луѓе. Им биле испитани 18 маркери за здравствен ризик, како крвен притисок, брзина на чукање на срцето, холестерол, воспаление, шеќер во крвта итн.

Резултатите покажале дека има значителна поврзаност помеѓу злоупотреба во детството и мултисистемски здравствени ризици.

Оние што пријавиле дека примиле поголема родителска топлина и љубов имале пониски мултисистемски здравствени ризици, што значи дека љубовта може да ги намали токсичните ефекти од стресот во животот на децата.

Љубовта и топлината се клучни не само за емотивното, туку и за физичкото здравје


Наодите од студијата се важни затоа што укажуваат на важноста од рана интервенција во животот на децата кои живеат во ризични семејства, преку едуцирање на нивните родители, учители и други негуватели, кои можат да бидат таа фигура што ќе им пружи на децата љубов и топлина.

Designed by Antsin.com