Бебињата кои се родени во есен се посклони кон алергии на храна
Social Buttons
Децата кое се зачнати во доцна зима или рана пролет имаат поглем ризик за развој на алергии на храна.
Ризикот за разој на алергија на храна кај децата зависи и од тоа во кој период од годината го поминале првото тромесечие од нивниот развој. Се препоставува дека за тоа е виновна високата концентрација на полен од дрвјата во пролетните месеци, во периодот кога кај бебињата е почетокот на формирање на антителата.
Истражувачите велат дека ниското ниво на Д витамин кај мајката после зимата, исто така игра улога со тоа што ја намалува имунолошката одбрана кај нероденото дете.
Најсклони кон алергија на храна се бебињата родени во Октомври и Ноември.
Во студијата биле проучени 6000 деца во Финска. Од оние деца кои единаесетата седмица од развојот ја поминале во Април или Мај, алергија на храна се појавила кај 11%.
Кај оние деца пак кои единаесетата седмица на развојот ја поминале во Декември или Јануари, алергија на храна се јавила кај само 6%.
Алергијата на јајца и млеко кај децата кои крајот на првото тромесечие од бременоста го поминале во Април и Мај била дури 3 пати поголема, од оние кои крајот на првото тромесечие го поминале во Декември и Јануари.
Растечката појава на астма и алергии во последните 30 години се припишува на претераната хигиена, исхраната и раната употреба на антибиотици.
Др. Elaine Vickers вели:
Оваквите истражувања помагаат да порасне разбирањето за развојот на имунолошкиот систем на детето уште во утробата на мајката и во првите години од животот. Со тоа пак расте и можноста за пронаоѓање на нови третмани и терапии кои ќе го урамнотежат имунолошиот систем и ќе ја намалат појавата на алергии.
Авторите на студијата велат дека истражувањето индицира дека децата кои се родени во есен или зима се посклони кон егзема и потешкотии со дишењето и дека кај нив циркулираат повосоки нивоа на антитела за алергените, отколку кај децата родени во пролет или лето.


