Времето на воведување прихрана и ризик за алергија на храна кај бебињата

Студија на Универзитетот од Саутхемптон покажа дека воведувањето на тврда храна во исхраната на бебето покасно од 17 недела може да го намали ризикот за алергии, исто така ризикот е помал ако паралелено со воведувањето на тврда храна се продолжи со доење.

Водачот на студијата Др. Kate Grimshaw, вели дека доењето и паралелното воведување на тврда храна помага за развивање на посилен имунолошки систем во борба со алергиите. Таа објаснува:

Воведувањето на тврда храна покрај доењето може да биде полезно за имунолошкиот систем. Се чини дека имунолошкиот систем се едуцира кога се преклопува доењето со воведувањето на нова храна, бидејки млекото промовира толерогени механизми против тврдата храна.

Дополнително, нашите наоди сугерираат дека 17 недели се критична временска точка. Пораното воведување на тврда храна се чини дека ги потикнува алергиските заболувања, додека воведувањето после 17 недела се чини дека промовира толеранција.

Бебињата во глобала се нетолерантни на тврда храна се до 4-6 месеци возраст. Се смета дека тоа се должи на релативната незрелост на дигестивниот систем, што може да предизвика симптоми на алергија.

Тимот открил дека децата кај кои се развила алергија почнале да јадат тврда храна порано, отколку децата без алергии, отприлика околу 16 недели или порано.

На мајките кои не дојат им се препорачува да внесат друга храна после 17 недели возраст на бебето.

Наодите од студијата ги потврдуваат препораките на педијатрите мајките да не внесуваат тврда храна во исхраната на нивните бебиња пред 4-6 месеци, а оние кои дојат да продолжат паралелно со доењето и воведувањето на новата храна.

Повеќе за воведување на прихрана можете да прочитате тука.