Интернационална група од повеќе од 90 научници: Не постои научен консензус за безбедноста на ГМО храната

Од: Твое Бебе on Недела, 10/11/2013 - 16:36

Интернацинална група од повеќе од 90 научници, академици и лекари даде заедничка изјава дека не постои научен консензус за безбедноста на генетски модифицираната храна.

Изјавата дојде како одговор на неодамнешните тврдења на ГМ индустријата и некои научници и новинари дека постои научен консензус дека ГМО храната и растенијата се генерално безбедни за исхрана на луѓето и животните, како и за околината. Изјавата овие тврдења ги нарекува лажни, додавајки дека консензус не постои.

Др. Angelika Hilbeck, директорка на Европската мрежа за социјална и еколошка одговорност (ENSSER) и една од потписниците вели:

Изјавата на ENSSER го привлекува вниманието на различноста на мислењата за ГМО во научните кругови и често контрадикторните или неубедливите заклучоци на студиите за безбедноста на ГМО. Тука спаѓаат токсичните ефекти кај лабораториските животни хранети со ГМО храни, зголемената употреба на пестициди за одгледување на ГМО културите и неочекуваното влијание на инсектицидните култури врз корисните и нетаргетирани организми - продолжува таа.

И покрај суптилната и комплексна слика, група на истомисленици убедливо тврди дека ГМ посевите и храна се безбедни. Во реалноста, остануваат многу неодговорени прашања, а во некои случаи постои сериозна причина за загриженост.



Проф. C. Vyvyan Howard, медицински квалификуван токсикопатолог вели:

Значителен број на студии укажуваат на тоа дека ГМ посевите и храната можат да бидат токсични или алергогени. Често се тврди дека милиони Американците јадат ГМ храна без штетни последици. Но, како што во САД нема ГМО означување и нема спроведени епидемиолошки студии, не постои начин да се знае дали зголемувањето на стапките на хронични болести кои се јавија во таа земја имаат поврзаност со потрошувачата ГМ храна или не. Затоа ова тврдење нема научна основа.

Проф. Ernst-Ulrich von Weizsäcker, ко-претседател на Римскиот клуб вели:

Иднината на храната и агрокултурата е полна со големи предизивици за човештвото од 21 век. Тврдењето за научен консензус за ГМО безбедноста е погрешно и погрешно ги претставува разновидните и неубедливи научни докази. Кога се донесуваат одлуки од глобална важност, треба да се земе во предвид целиот спектар на научни истражувања, во отворени, транспарентентни и чесни дебати, кои ќе го вклучат поширокото општество. Ова е одговорност на научниците и науката.

Проф.Brian Wynne, истражувач од Центарот за економски и социјални аспекти на геномиката, од Универзитетот во Ланкастер, вели:

Погрешно и недоговорно е да се тврди дека има консензус за овака важни прашања. Многу истакнатнати прашања остануваат отворени, додека уште повеќе нови прашања се откриваат и се пријавуваат од страна на независни научници во меѓународната научна литература.

Потписниците на изјавата повикуваат на претпазлив пристап кон ГМО посевите и ГМО храната.

Designed by Antsin.com