Недостатокот на Д витамин во бременоста носи ризик од шизофренија

Social Buttons

Една студија во Данска покажа дека бебињата кои се раѓаат со мало ниво на Д витамин имаат двојно поголем ризик за појава на шизофренија покасно во животот.

За целта на испитувањето била направена споредба помеѓу нивото на Д витамин кај новороденчињата кај кои покасно се појавила шизофренија, со нивото на Д витамин кај здравите бебиња.

Витаминот Д уште познат како "сончев хормон" се создава како резултат на делувањето на сонцето врз кожата. Долго време се знае дека Д витаминот е неопходен за здрави коски, но истражувачите од Квинсленд открија дека е важен и за нормален и здрав развој на мозокот.

Некои претходни студии имаа покажано дека најголемиот дел од луѓето кај кои се јавила шизофренија биле родени во зима.


Во многу земји ниското ниво на Д витамин е честа појава.

Професор John McGrath вели дека иако резултатите од студијата е потребно да се потврдат со понатамошно испитување, сепак се отвора можност дека подобрувањето на нивото на Д витамин кај бремените жени и новороденчињата можеби ќе го намали ризикот за шизофренија.

Резултатите од 3 годишната студија можеби ќе доведат до информирање на бремените жени, слично како што се направи со информирањето за важноста на земање на фолна киселина со цел намалување на можноста за појава на Спина бифида.

Професорот вели дека фактот што е отриена важноста на Д витаминот за здрав и нормален развој на мозокот е витален чекор напред.

Др. Darryl Eyles кажува дека и досега беше познато дека Д витаминот е непходен за раст на клетките и комуникација на сите органи во телото, така да не изненадува тоа што неговиот недостаток може да влијае врз развојот на мозокот.

Шизофренијата е болест која сеуште не е добро разбрана. Најчесто првите симптоми се јавуваат во младоста и според некои статистики од неа боледува 1% од населението. Симптомите вклучуваат слушање на гласови и заблуди.

Designed by Antsin.com