Во САД се менува дефиницијата за траење на полн термин на бременост

Американскиот колеџ за Акушери и Гинеколози (ACOG) вели дека под полн термин треба да се подразбере бременост, која траела помеѓу 39 недели и 40 недели и 6 дена.
Новите препораки се дадени за да се избегне ризикот кој е поврзан со раните елективни царски резови.
Досега како полн термин се сметаше ако породувањето се случеше помеѓу 37 и 42 недела на бременоста. Новите дефиниции значително со скратуваат тој прозор на полн термин.
Лекарите велат дека таа недела или две додека бебето е подолго во матката може значително да го подобри здравјето и развојот на бебето.
Пред да бидат издадени новите водилки, едно бебе се рачунаше за предвремено родено ако се родеше пред 37 недела од бременоста, а како надносено се сметаше ако се родеше после 42 недела.
Сега според ACOG бебињата родени помеѓу 37 недела и 38 недела и 6 дена треба да се сметаат како родени во "ран термин", оние помеѓу 39 недела и 40 недела и 6 дена треба да се сметаат за родени во "полн термин", оние кои се родени во 41 недела од бременоста се родени во "доцен термин" и ако се родени после 42 недела се работи за "пост термин"
- Ран термин: Помеѓу 37 недели 0 денови и 38 недели 6 дена
- Полн термин: Помеѓу 39 недели 0 денови и 40 недели 6 дена
- Доцен термин: Помеѓу 41 недели 0 денови и 41 недела 6 дена
- Пост термин: Од 42 недели 0 денови и понатаму
Др. Jeffrey Ecker, заседавач на комитетот на ACOG - кој ги донесе новите препораки вeли:
Неделите се важни.
Бидејки исходот за бебињата може да се разликува, да не велиме дека е исто.
Последните недели се особено битни за созревање на мозокот и белите дробови.
Во последните години: доктори, разни групи и родителски организации нагласуваа дека елективните породувања (по свој избор) - индукции и царски резови, ако нема медицинска причина не треба да се прават порано од 39 недела од бременоста.
Истражувањата покажаа дека бебињата кои се родени во 37 недела имаат поголем ризик од компликации, како потешкотии со дишењето, отколку оние кои се родени 2 недели подоцна.
Др. Jeffrey Ecker вели дека новите дефиниции ќе им помогнат на лекарите за да им ја пренесат пораката на идните родители.
Познатата доброволна организација March of Dimes, која се залага за подобрување на здравјето на мајките и бебињата ги пречека новите дефиниции со одобрување, појаснувајки дека на тој начин ќе се елиминира конфузијата за тоа колку треба да трае нормална, некомплицирана, здрава бременост.