Чекори за да се намали ризикот од лекарска штета врз потенцијално нормална бременост

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Сабота, 12/10/2013 - 12:17

Група од 15 медицински експерти од областа на радиологија, акушерство и гинекологија, како и ургентна медицина , свикана од страна на Друштвото на Радиолози по Ултразвук ( SRU ), препорача нови критериуми за употреба на ултрасонографијата во одредувањето во прво тромесечие дека бременоста не е одржлива ( нема шанси да напредува и да резултира со живородено бебе) .

Овие нови дијагностички прагови , се објавени на 10 октомври во New England Journal of Medicine и ќе помогнат да се избегне можноста на лекарите да предизвикаат ненамерна штета на потенцијално нормална бременост.

Др. Peter M. Doubilet, водечки автор на извештајот вели:

"Кога лекар и кажува една жена дека нејзината бременост нема шанси да продолжи , тој или таа треба да бидат апсолутно сигурни дека тоа е точно. Нашите препораки се базираат на најновите медицински сознанија од различни медицински специјалности."


Меѓу клучните точки од страна на експертската група се:

• До неодамна, бременоста беше дијагностицирана како неодржива ако ултразвукот покажеше дека ембрионот има пет милиметри, а нема чукање на срцето. Новите стандарди ја покачија оваа големината на седум милиметри.

• Стандардот за неодрживост на бременоста врз основа на големината на гестациската вреќичка без ембрион треба да се зголеми од 16 на 25 милиметри.

• Вообичаено употребуваниот тест преку крв (познат како дискриминаторско ниво) не е сигурен за исклучување на одржлива бременост.

Групата, исто така ги предупреди лекарите да не преземаат било какви активности што може да ја оштетат бременоста, врз основа на единечен тест преку крвта, ако ултразвчните наоди се неубедливи и жената е во стабилна состојба.

Designed by Antsin.com