Психолошкото насилство во бременоста е поврзано со пост-породилна депресија

Психолошкото насилство од интимниот партнер, независно од физичкото и сексуалното насилство е поврзано со повисок ризик за развој на пост-породилна депресија.
Студијата е предводена од Др. Ana Bernarda Ludermir и нејзиниот тим од Универзитетот во Перамбуко, Бразил.
Во студијата биле направени анализи на 1045 жени. Сите тие примале примарна здравствена грижа во болниците.
Др. Ana Bernarda и нејзиниот тим ги интервјуирале жените за време на нивната бременост и по породувањето. 26% од нив добиле пост-породила депресија или вкупно 270 жени. Психолошкото насилство било присутно кај 28% од жените и било најзастапена форма на насилство.
Зачестеноста на пост-породилната депресија била за повеќе од двојно поголема кај жените кои пријавиле најзачестено психолошко насилство од партнерот, во споредба со оние кои не пријавиле психолошко насилство.
Авторите велат:
Забележавме јасна позитивна поврзаност помеѓу зачестеноста на психолошкото насилство за време на бременоста и појавата на пост-породилна депресија и после прилагодувањата на резултатите. Како што покажаа и претходните студии психолошкото насилство е почеста форма на насилство од физичкото и сексуалното насилство.
Заклучокот е дека насилството на партнерот треба да се препознае како здравствен проблем во светски рамки. Но психолошкото насилство често пати не се препознава бидејки нагласокот се става на физичкото и сексуалното насилство. Интервенциите за спречување на психолошкото насилство би можеле да ги намалат последиците од пост-породилната депресија врз мајките, децата и здравствениот систем во целина.