Кај загрижените мајки породувањето трае во просек 1,5 часа подолго
Жените кои се нервозни во врска со породувањето имаат подолги породувања, велат истражувачите.
Породувањето кај загрижените жени вообичаено трае по 8 часа, а оние кои не се плашат во просек се породуваат за шест и пол часа.
Истражувачите велат исплашените жени ослободуваат адреналин, кој ги спречува мускулите на матката правилно да се контрахираат и да го истуркаат бебето.
Студијата исто така покажа дека жените кои се плашат имаат поголема веројатност дека ќе имаат потреба од епидурална анестезија или царски рез.
Исто така, студијата покажала дека има помала веројатност дека загрижените жени дека ќе комуницираат со акушерките за проблемите, па секоја помош која би била потребна била одложена.
Истражувачите од Универзитетот во Осло побарале од 2206 жени, кои биле во 32-та недела на бременоста да направат психолошки тест со кој се проценувал нивниот страв од породувањето.
Околу 7,5 % од жените - сите за прв пат мајки - биле дефинирани како исплашени од породувањето.
Главниот истражувач Samantha Salvesen Adams, вели:
Општо земено, подолгото времетраење на породувањето го зголемува ризикот од итен царски рез.
Меѓутоа, важно е да се напомене дека голем дел од жените со страв од породување успешно имаат вагинално породување и затоа не треба рутински да се препорачува царски рез по избор.
Студијата покажа дека загрижените жени имаат подолго породување за еден час и 32 минути.
John Thorp, вели:
Ова истражување покажува дека жените со страв од породување имаат поголема веројатност дека ќе имаат потреба од интервенција и тоа треба да биде испитано за акушерите и бабиците да можат да обезбедат поддршка и совети.


