Како да ја третирате лузната од царски рез
Лузната од царскиот рез не може целосно да се отстрани, меѓутоа со текот на времето избледува, а во некои случаи и станува едвам видлива. Големината на лузната, која ќе осатне зависи од резот, меѓутоа и од генетските фактори кај жената. Ако се случила инфекција на раната, вообичаено лузната е поизразена.
Многу важно е после царскиот рез раната да ја негувате правилно, според препораките на вашиот лекар, за да не дојде до инфекции. Веднаш по царскиот рез се препорачува да не кревате тешко, да не вежбате, да не трчате и да не практикувате други напорни активности, бидејки тоа може да биде штетно за раната. Исто така обидете се да не ја триете и чешате раната.
Обично на раната и се потребни околу 6 недели за да заздраве.
Домашни средства како помош во намалување на лузната по царски рез
НАПОМЕНА: Пробајте да ги примените средствата откако раната е ЦЕЛОСНО ЗАРАСНАТА! Доколку раната не е зарасната можете да предизвикате појава на инфекција.
Масажа со масло
Масажите со масло генерално помагаат во заздравување на било кој вид лузна, со тоа што го разбиваат колагенот, кој се формира под лузната. Нежното масирање на ткивото на лузната ги разместува колагенските влакна, а воедно ја зголемува циркулацијата во областа и го стимулира исцелителниот процес. Масирањето на лузната со маслиново масло е докажано благотворно, но исто така и маслото од чајно дрво и лаванда се познати по смирувачките ефекти и помош во процесот на зацелување.
Алое гел
Нанесувањето на алое гел, 2-3 пати во текот на денот, може да ги осветли стриите и белезите.
Витамин Е масло
Витамин Е маслото предизвикува лузните да избледат. Отворете една капсула со Е витамин и употребете го маслото за масажа на лузната.
Лимон
Лимоните помагаат за осветлување на белезите и лузните. Но лимонот никогаш не се става на свежа лузна, бидејки може да го попречи исцелителниот процес.
Какао путер
Какао путерот има силни антиоксидативни својства и е одличен за исцелување на лузни.
Вазелин
Вазелинот исто така помга лузните да осветлат и да се намалат.
Мед
Медот нашироко се употребува како состојка во прозводите за нега на кожа. Може да се употреби и за да ги намали лузните.
Силиконски ленти
Силиконот ја хидрира и ја намалува лузната, а го намалува и црвенилото, чувствителноста, отокот и чешањето.
Овие средства можат да помогнат да се намали видливоста на лузната, но важно е да бидете стрпливи. Може да биде потребно и еден месец редовна употреба за лузната да избледи.


