Бебиња родени со цел водењак
Функцијата на водењакот е да го заштитува бебето во стомакот на мајката, опркужено со вода која ги амортизира сите удари, како и да го снабдува со вода, која ја голта и ја дише.
Водењакот се формира уште во првите денови од бременоста. До 38 недела од бременоста, количината на вода во водењакот постепено расте, а потоа почнува благо да се намалува.
Водењакот обично пука спонатно пред да се роди бебето или пак акушерите интервенираат и го пробушуваат.
Иако се случува многу ретко, понекогаш бебето може да се роди со цел водењак, како што се случило со бебето на сликата.
Горната фотографија е документирана од грчкиот лекар Aris Tsigris. Бебето било родено со царски рез и било извадено со цел водењак. Др. Aris Tsigris вели дека тоа воопшто не е опасно и бебето нема да се удави, бидејки сеуште се храни преку плацентата. Кога водењакот ќе пукне, тоа автоматски ќе почне да дише само од себе. Лекарот вели кога го видел бебето останал без здив и восхитен, тоа уште не било свесно дека е родено, туку било мирно како сеуште да е во матката на мајката.
Бебе старо само 40 дена, веќе е добро зашитетно со водењакот
Глумицата Џесика Алба, вели дека истото се случило на нејзиното породување со ќеркичката Хевен. Нејзиниот водењак пукнал само што излегла од стомакот на мајката.