Како сами да утврдите како е свртено бебето во стомакот

бебе сврено во оптимална позиција

Точната позиција на бебето може да ви ја каже вашиот лекар, но исто така според некои знаци и вие самите можете со голема веројатност да претпоставите во каква позиција се наоѓа вашето бебе. Како што ќе напредува бременоста, така ќе ви биде полесно да одредите која позиција ја завземало бебето, односно ќе почнете да ги приметувате "знаците".

1. Ако вашиот стомак и папукот се испакнати и/или ги чувстувате клоцањата под ребрата, веројатноса е дека бебето е свртено со грбот накај предниот ѕид од вашиот стомак.

2. Ако вашиот стомак изгледа малку порамен и/или го чувстувате бебето како клоца на предниот ѕид од вашиот стомак, веројатно дека бебето е свртено со грбот накај вашиот грб.

3. Ако чувстувате "грутка" во близина на горниот дел од вашиот стомак (обично на едната страна) нежно притиснете:

  • Ако чувствувате како мрда целото бебе, веројатно дека тоа веќе се наоѓа со главата надолу, што значи дека сте му го турнале газето.
  • Ако почувстувате како "грутката" се придвижила, без остатокот на телото на бебето, тоа значи дека таа грутка веројатно е главата на бебето, која се движи независно од другите делови на неговото тело.


4. Ако икањата на бебето ги чувстувате ниско во стомакот, значи дека бебето е свртено со главата надолу.

5. Ако икањата се повисоко во стомакот значи дека најверојатно бебето е свртено со главата нагоре.

6. Ако бебето клоца околу или над вашиот папок, значи дека е со главата надолу и се наоѓа во добра позиција за раѓање.

7. Ако чувуствате екстремна болка во стомакот и ребрата, а сте во подоцните стадиуми од бременоста, тогаш значи дека бебето веројатно е со главата нагоре - блиску до вашите ребра.

8. Ако имате стетоскоп вашиот партнер ќе може да наслушне каде чука срцето на бебето, дали пониско или повисоко во стомакот:

  • Ако чукањето на срцето е ниско во стомакот, бебето е свртено со главата надолу.
  • Ако чукањето на срцето се слуша во висина на вашиот папок или над него, значи дека бебето е свртено со главата нагоре.

 


Горе - доле, кога бебето ќе завземе трајна позиција

 
Имајте во предвид дека повеќето бебиња се доста активни во матката и дека често се вртат, дури и за време на породувањето. Затоа веројатноста е дека ако вашето бебе било во некоја позиција, за неколку часа можеби таа ќе биде сменета. Најголемиот број бебиња трајно ја завземаат позицијата со главата надолу до 33-тата недела, но тоа не е правило, некои бебиња можат да се свртат и ден пред породувањето, па дури и кога ќе почнат контракциите. Значи и доколку бебето не е свртено, а породувањето се ближи, сеуште има шанси да се сврти. Во секој случај, вашиот лекар ќе ве следи и доколку бебето не се сврти и има потреба ќе се породите со царски рез.


Фетални позиции во матката

 

  • Оптимална позиција, бебето е свртено со главата надолу и свртено накај грбот на мајката. Ова е најчеста позиција, од која се раѓаат бебињата.
  • Окципиталлна поставеност, бебето е свртено со главата надолу, но со лицето е свртено накај стомакот на мајата. Оваквите породувања обично траат подолго и се присутни болки во грбот.
  • Трансверзална поставеност, бебето е легнато хоризонатално, обично главата е повеќе наведната кон едната страна на карлицата, а рамењата покажуваат накај цервиксот.
  • Карличнo, бебето е свртено со главата нагоре, газето е надолу, а колената се свиткани.
  • Карлично со исправени колена, бебето е свртено со главата нагоре, нозете надолу, но колената се исправени.
  • Карлично со стопалата надолу, бебето е свртено со главата нагоре, но едно или двете стопала се свртени кон родилниот канал.
     

различни типови на карлична поставеност на бебето

Различни типови на карлична поставеност на бебето