Тајната за подолг живот е во телото во форма на круша
Истражувачите велат дека големиот задник и колкови водат до подолг живот.
Претходни студии покажаа дека салото кое се складира на стомакот го зголемува ризиот од срцеви заболувања, удар и дијабетес, додека пак килограмите кои се таложат на задната страна и врвот на нозете го намалуваат ризикот.
Др. Michael Jensen од Mayo Clinic и неговите колеги решиле да направат експеримент во кој учествувале 28 мажи и жени. Тие земале прекумерно храна во текот на 8 недели, за да се види како ќе се таложат мастите во телото.
Научниците ги измериле мастите во телото пред да почне ексепериментот и на крајот. Тие откриле дека во просек учесниците во експериментот добиле по 2,5 кг во горниот дел од телото и по 1,5 кг во долниот дел.
Имало огромна разлика помеѓу масните клетки околу стомакот и срцето, тие растеле по големина, но не и по бројност, произведувајки повеке протеини кои синтетизираат масти.
Џенифер Лопез - пример за здраво тело
Масните клетки на бедрата пак растеле во број, а не го големина.
Др. Jensen вели дека студијата ги доведува во прашање претходните размислувања дека бројот на масните клетки во телото на возрасните луѓе останува ист. Тој и неговите колеги ја подржуваат идејата дека зголемениот капацитет за произведување на масни клетки во долниот дел од телото создава заштита за горниот дел од телото и помага за да се избегнат потенцијални заболувања.
Др. Jensen вели:
Клеточните механизми за различни. Така, различните клеточни механизми имаат различно влијание.
Откритијата од студијата објаснуваат зошто формата на телото во вид на круша дава предности.
Оваа студија се испреплетува со други кои покажаа дека односот на ширината на колковите со половината, дава подобра можност да се предвиди ризикот од срцеви болести, отколку што тоа го прави БМИ (индексот на телесна маса).
Во иднина би можеле да се користат медикаменти кои би влијаеле врз местото на кое се таложат маснотиите, за борба против срцевите и други заболувања.
Минатата година една Данска студија во која учествуваа 3000 луѓе, покажа дека мажите и жените со обем на бедрата од над 60 см имаат намален ризик за срцеви заболувања.


