Пронајден едноставен тест за предвидување на прееклампсијата кај трудниците
Британските научници изумија нов тест за урина, кој точно би можел да го предвиди ризикот од прееклампсија - состојба опасна по животот, придружена со висок притисок, а се јавува исклучиво во бременоста.
Тимот научници од Лечестер отриле дека со анализа на протеините во урината на бремените жени може да се предвиди дали понатаму ќе се развие прееклампсија.
Засега количината на протеини редовно се прати кај бремените жени, затоа што таа е индикатор за ризикот кај жената.
За прееклампсијата нема лек, освен да се изврши предвремено породување. Но оние жени кои се со ризик можат да превземат превентивни мерки како земање на мали дози на аспирин и калциум.
Сега истражувачите на чело со Др. Matt Hall од одделот за Инфекција, имунитет и воспаленија на Универзитетот во Лечестер, окрија дека специфичната композиција на протеините околу 18-седмица од бременоста може точно да го предвиди ризикот од прееклампсија.
Во студијата учествувале 145 пациентки со ризик за прееклампсија, а кај 11 од нив состојбата се развила. Со тестирањето на композицијата на 5 протеини во урината пред 20-та седмица, научниците успеале да ја предвидат прееклампсијата со 92% точност.
Др. Matt Hall вели:
Нашите испитувања покажаа дека промените на нивото на одредени протеини во урината кај бремените жени, можат да предвидат кај која жена ќе се развие прееклампсија околу 5 месеци пред да се јават сипмтомите на болеста.
Иако испитувањето не дава лек за прееклампсијата, раното идентификување на жените со највисок ризик ќе овозможи фокусирано надгледување и темпирано породување, како и потврда за жените кои се со низок ризик.