Gianna Jessen: Бев жртва на абортус на седум и пол месеци

Мојата биолошка мајка имаше 17 и пол години кога реши да ме абортира. Јас не знам зошто ја донесе таа одлука. Тоа беше во 1977 година. Таа и мојот биолошки татко имаа по 17 години и не беа во брак.

Таа отиде во клиника во Лос Анџелес и имаше абортус со сол. Солен раствор се вбризгува во матката на мајката и бебето го голта. Растворот го гори бебето однадвор и одвнатре. Идејата беше дека по 24 часа таа ќе роди мртво бебе, но по Божја милост, јас преживеав.

Аборциониостот сеуште не бил на должност кога стасав на овој свет. Ако беше таму, тој ќе го завршеше мојот живост со давење, задушување или ќе ме оставеше да умрам, што во САД се сметаше за совршено легално се до 5 Август 2005 година. Сега ако детето го преживее абортусот, мора да прими соодветна медицинска нега. Аборционистот мораше да го потпише мојот Извод на родените. Мораше да го признае животот што само неколку часа претходно се обиде да го прекрати.

Единствената личност што макар и малку беше загрижена за мене беше медицинската сестра. Таа повика брза помош и бев преместена во болница. Ме ставија во инкубатор, а тежев околу 900 грама. Тие не очекуваа дека ќе живеам.

После неколку месеци увидоа дека имам огромна волја за за живеам. Ме ставија во системот за згрижување и на 17 месеци ми беше дијагностицирана церебрална парализа, како недостаток на кислород додека бев жива горена во матката на мојата мајка. Тежев 14.5 кг, не можев да се движам и тие рекоа дека ќе бидам само растение целиот мој живот.

Мојата мајка која ме згрижи - Пени, реши дека и покрај сето тоа што го кажуваа лекарите за мене, таа ќе работи со мене. Таа 3 пати дневно ми правеше физикална терапија и почнав да ја држам исправено главата, да седам и да лазам. Следствено, на возраст од 3,5 години почнав да одам со помош на протези и одилка. На таа возраст Дијана - ќерката на Пени, која беше во нејзините триесетти години ме посвои.
   
Сега имам 28 години и работам како музичар во Нешвил, Тенеси. Сеуште кривам кога одам и повремено паѓам. Но, само што го завршив мојот прв маратон и повторно ќе трчам на маратон во Лондон, следниот Април, за да подигнам фонд за децата со церебрална парализа.

Дијана ми раскажа за моето минато. Секогаш го имав тоа чувство дека има нешто повеќе во мојата животна сторија. Секогаш се прашував зошто имав церебрална парализа. Би се очекувало да се задоволам со нејзините одговори затоа што бев предвремено родено бебе и затоа што имав трауматично раѓање.

Но кога ја прашав повторно кога имав 12 години, таа ме прашаше дали навистина сакам да знам и одговорив: да. Тогаш таа ми објасни, а мојот одговор беше типичен за 12 годишно дете. Само реков дека барем имам церебрална парализа заради интересна причина.

Мојата мајка ми рече добра работа: Наместо да се фокусираш на фактот дека речиси умре, радувај се на фактот што си жива. И го правам тоа.

Кога имав 17 години, Дијана се сретна со мојата биолошка мајка и јасно и ја пренесе мојата прошка. Јас сум христијанка. Јас верувам дека горчината го јаде вашиот живот. Јас сакам да бидам спротивно од горчлива. Никогаш не сакав да ја запознаам. Пени ме сакаше толку добро што не ја почувстував таа потреба. Не знам многу за тој состанок, освен дека таа не побарала прошка од мене и дека подоцна имала уште еден абортус.

Почнав да зборувам за абортусот кога имав 14 години и во четврток ќе зборувам за него на парламентарен состанок во Долниот Дом. Верувам дека е важно кога нешто толку важно ви се случуло вам, да ја пренесете вистината не само за абортусот, туку за прекрасниот живот кој можете да го имате преку победа врз слабостите.

Јас не верувам дека убивањето е исправно. Јас сум целосно против абортус во секоја прилика, вклучувајки и силување.

Иако тоа е ужасен криминал, не верувам дека детето треба да плати за тој криминал. Не верувам дека абортусот во таков случај ќе го реши проблемот. Всушност, запознав луѓе кои се производ на силување и тие рекоа дека им е мило што се живи. Ако абортусот е само прашање на женските права, тогаш кои беа моите права? Немаше радикална феминистка тој ден да вика за тоа дека моите права беа нарушени.

Секој ден Му благодарам на Бог за животот. Не се сметам себе за нуспроизвод на зачнување, за парче ткиво или за некој друг назив кој му се дава на дете во матката. Не се сметам себе за личност зачната за да биде една од тие работи. Запознав и други преживеани од абортус. Сите тие се благодарни за животот.

Денес, бебето е бебе кога е погодно. Нешто друго е или ткиво кога времето не е погодно. Бебето е бебе кога ќе се случи спонтан абортус на 2,3, 4 месеци. Бебето се нарекува ткиво или грутка oд клетки кога ќе се случи абортус на 2,3,4 месеци. Што е тоа? Јас не гледам разлика.

Верувам дека сум жив доказ дека абортусот убива човечко суштество. Мојата биолошка мајка пред 28 години сметала дека има право на одлука, која ќе ја засегне само неа. А сепак јас со мојата церебрална парализа го носам знакот на нејзиниот избор, секој ден од мојот живот. Иако не го држам тоа против неа, јас мислам дека е важно луѓето да размислат пред да ја донесат нивната одлука.

Базирано на интервју од 6 Декември, 2005

Подолу можете да видите дел од еден од нејзините говори, каде страствено и искрено зборува за својот животен пат и својата вера: