Се роди бебето кое преживеа абортус
Social Buttons
Мајката: Не можам да престанам да ја прегрнувам, никогаш не сакам да ја оставам. Секогаш кога ќе ја погледнам си велам, навистина таа не треба да биде тука, но никако не би сакала да е поинаку.
Се роди девојчето, кое преживеа неуспешен абортус во 8-ма недела од бременоста.
Шенон Скинер (20) и покрај контрацепцијата, забременила после само 4 месеци од раѓањето на првото дете. Првото породување било трауматско, поминало со царски рез и оштетувања на внатрешни органи. Лекарите и кажале на Шенон дека не смее да остане бремена додека не помине време за да закрепне од царскиот рез. Таа побарала да ја стерилизираат, но заради нејзината младост лекарите не сакале да превземат таков драстичен чекор.
Кога открила дека повторно е бремена, таа била шокирана. И било препорачано да направи абортус, на што се согласила. Се решила на медикаментозен абортус, како помалку инвазивна метода. Имала крварење 2 дена.
Три месеци подоцна почувсвувала движење во стомакот, а ултразвучниот преглед покажал дека сеуште е бремена:
Ја нарекуваме нашето чудо од бебе, бидејки не знаеме како преживеа. Мора навистина да сакала да биде тука.
Додека ја гледам како спие, не можам да ја поднесам помислата на тоа да не постоеше. Долго време чувстував грижа на совеста, а сега само олеснување.
Амелија изгледа совршено, но може да поминат и 4 години пред лекарите да можат да кажат дали хемикалиите за абортус не оставиле трајни оштетувања. Шенон вели:
Сакам да верувам дека е совршена, мојот инстинкт ми кажува дека е во ред, што ќе биде уште едно чудо, вели мајката. Но, дури и да има проблеми за кои сеуште не знаеме, тоа нема да ја промени нашата љубов кон неа.

Младите родители: Среќни што Амелија е со нив
Таткото (24) вели дека се надеваат дека еден ден кога Амелија ќе биде доволно возрасна, ќе може да сфати што се случило, иако тој не знае како би и објасниле:
Тоа што таа треба да го знае дека е дека е сакана и посакувана. Ако имавме повторна шанса се ќе направевме поинаку, но во тоа време мислевме дека тоа што го направивме е правилно.
Шенон се надева дека Амелија еден ден ќе разбере колку е посебна, дека нејзината мајка никогаш не сакала абортус и дека само ги следела медицинските совети и плачела мислејки дека нема друг избор. Таа вели:
Секогаш ќе жалам за абортусот, но никогаш нема да зажалам што ја имам Амелија.





