Добила бебе откако се откажала од јадење леб

После 5 годишна битка за да добијат бебе, Julie Cummings (37г.) почнала да се прашува дали некогаш ќе се исполни родителскиот сон кој го имале со нејзиниот сопруг Дејвид.
 
Една година откако се земале, на Џули и бил дијагностициран синдром на полицистични јајници (ПЦОС). Две години се лекувала со кломифен, но немала успех.

На крај сопружниците решиле да посегнат по ин витро оплодување.

Неколку недели пред закажаната ин витро постапка Џули останала природно бремена после 5 години неуспешни обиди.

Бременоста поминала во најдобар ред и во јануари 2011 година таа ја родила ќеркичката Мејси.

Среќната Џули со ќеркичката


Пред да остане бремена Џули решила да ги смени животните навики и да се подготви најдобро може за ин витро третманот. За таа цел се советувала со нутриционистот и специјалист за плодност Caroline Sproule - консултант во Центарот за алергија и нутруционизам во Бромсгров, Велика Британија.

Каролин и објаснила на Џули дека страда од инфекција со кандида, односно кандидата имала земено преголем замав во телото на Џули и и дала совет да се откаже од храна со голема количина на квасец, како што е лебот.

Исхраната на Џули се состоела главно од овошје и зеленчук, а земала и дополнителни суплементи. Следниот месец, во март 2010 г. Џули го добила својот прв менструален циклус после 6 месеци, а во април веќе била бремена.

Џули вели:

Јас не отидов во Центарот за да забременам, туку да имам добри изгледи за ин витрото. Благодарна сум што воопшто не моравме да одиме по тој пат.

Ова само покажува што можат да му направат годините на злоупотреба, на претерано јадење или јадење на погрешни нешта на нашето тело.