Сопругот ја убедил да се обидат да имаат уште 'едно, последно дете', а добиле идентична тројкa
Social Buttons
Мелани Торнтон мислела дека нејзиното семејство со 13 годишната ќерка е комплетно, но тогаш попуштила на убедувањето на сопругот да се обидат да имаат уште едно дете. Резулатот бил со шанси 1 спрема милион, родителите добиле природно зачната, идентична тројка.
Ултразвукот во петта недела покажал мала гестациска вреќичка, но подоцна се открило дека се работи за три бебиња.
Бое, Мика и Хоуп се родиле здрави и живи, а нивната мајка морала да направи некои сериозни промени за да се справи на супер големото семејство.
Мелани вели дека дневната соба им личи на Mothercare и дека купуваат адаптирано млеко на големо. Трошат речиси 100 литри млеко неделно, а менува повеќе од 250 пелени.
Сепак, гордата мајка вели дека целиот напор и купиштата од валкана бебешка облека се исплатат, а малите бебиња се најсреќни кога сите три се гушнати и се држат за раце.
Додека била бремена, Мелани вели дека чувстувала дека нешто е поинаку и неколу пати рекла: Сигурна сум дека е повеќе од едно. Но никогаш не помислила дека носи три бебиња. Кога се родила тројката Мелани не знаела кај кое попрво отиде, кое попрво да го допре или на кое попрво да му зборува.
Бебињата сакаат да спијат заедно и ако ги раздвојат плачат. Мелани вели дека колку поблиску се едно до друго, толку им е подобро.
Мелани вели:
Навистина првиот пат не ми се допадна да бидам бремена и мислев дека беше толку, но пред 2 години мојот сопруг реќе дека сака да имаме уште едно бебе. Успеа да ме наговори и по 4 месеци бевме бремени.
Ултразвукот во 12-та недела покажал дека има 3 бебиња и лекарот ги прашал дали правеле ин витро и дали во семејството имаат историја на близнаци.
Лекарите го предупредиле семејството на опасностите од повеќекратна бременост и цела бременост им велеле дека најмалото бебе - Хоуп, веројатно нема да преживее до раѓањето. Мелани вели дека секој еден ден бил речиси во исчекување таа да почине:
Бев депресивна една недела и тогаш сфатив дека додека го правев тоа, таа клоцаше се посилно и посилно. Можев да одредам каде се наоѓа секое од нив.
Си помислив: Ако таа не се откажува, нема да се откажам ни јас!
Прекрасната тројка се родила во 32-ра недела.
Хоуп била пуштена од болница после 5 недели, откако поминала операција при која и била отстранета насобрана течност околу мозокот.

Мелани вели:
Претходно имав гледано слики од предвремено родени бебиња и очекував да изгледаат чудно, но тие беа совршено оформени мали бебиња.
Беше чудесно, моите бебиња зафаќаа цела соба.
Беше толку охрабрително тоа колку беа совршени и не им беше потребна никаква помош во дишењето, само мало цефче за храна.
Сега близначките веќе имаат 20 недели и многу цврста поврзаност помеѓу себе.
Мајката вели дека тие се толку задоволни и среќни бебиња:

Не можам ни да се сетам на животот кога моето семејство беше двојно помало.





