Вон сите очекувања добиле идентична тројка

Шансите за да се роди идентична тројка се еден спрема 200 милиони, но тоа им се случило на Карен и нејзиниот сопруг Иан, од Велс.

Лекарите стравувале затоа што се работело за идентична тројка, кои ја делат плацентата, течноста и просторот дека бременоста нема да успее и ги советувале родителите да ја прекинат бременоста. Но тие не сакале да помислат на такво нешто. Таткото Иан вели:

Тие растеа и се бореа толку брзо, што така речи ги раскинуваа мускулите на Карен. Но не можевме да размислуваме за прекин на бременоста, тие беа наши бебиња. Одевме на ултразучни прегледи секоја недела, за да бидеме сигурни дека растат како што треба.


Среќната мајка вели:

Бременоста си го зема својот данок од мене и сега си дадов време за да закрепнам и да ги запознаам моите три убави девојчиња. Нивните личности веќе почнуваат да се наѕираат.

Прво мислевме дека се работи за едно бебе, но во осмата недела добив прилично силни болки. Мислевме дека имам спонтан абортус, но испадна дека тоа се три бебиња, кои се борат за простор.


Првите шест недели девојчињата ги поминале на интезивна нега. Лекарите им кажале на родителите дека нема да можат да си ги земат дома барем 3 месеци, но тие напредувале и закрепнувале така брзо, да си дошле дома после 8 недели.

Додека сеуште биле на одделот за интезивна нега со нивната сестричка

Бебињата со постарата сестричка дома


Нека се живи и здрави, му посакуваме се најдобро на целото семејство.

Designed by Antsin.com