Настинка или грип? Како да ги препознаете симптомите

Social Buttons

Болно грло, кашлање, покачена температура - се прашувате дали е грип или настинка. Вообичано симптомите кај грипот се поинтезивни отколку кај настинката, но сепак понекогаш е тешко да се утврди за што станува збор. Одговорот на следните прашања ќе ви помогне поточно да утврдите дали се работи за настинка или грип:

Симптоми на Грип Настинка
Како почна болеста ... Одеднаш Постепено
Дали детето има ... Висока температура Нема или има блага температура
Колку е исцрпено ... Многу Благо
Дали има ... Главоболка Нема главоболка
Дали апетитот на детето е ... Намален Нормален
Дали во мускулите ... Има болка Нема болка
Дали има ... Треска Нема треска


Ако поголемиот број на одговори ви се во првата категорија веројатноста е дека детето има грип. Ако одговорите претежно ви се наоѓаат во втората категорија, веројатно дека се работи за настинка.

Сепак не бидете брзи за симптомите да ги отпишете како обична настинка. Понекогаш симптомите на грипот варираат и како што тече болеста се менуваат. Исто така и некои бактериски болести, како стрептокока на грло или пневмонија можат да личат на грип или настинка. Ако ви се чини дека состојбата на детето се влошува, ако има висока температура или потешкотии со дишењето, веднаш побарајте лекарска помош.

Во најголем број случаи болеста ќе помине со многу течности, одмор и утеха. Повеќе за тоа како да му помогнете на настинато дете, тука. Секогаш слушајте ја вашата интуиција и доколку сметате дека е потребно (па макар и со поблаги симптоми) побарајте помош.

Designed by Antsin.com