Траумите се пренесуваат преку спермата и влијаат врз менаталното здравје на следните генерации
Ново истражување покажа дека траумата води до промена на спермата. Овие промени пак можат да доведат до биполарни промени кај потомството, па дури да се пренесаат и врз внуците.
Децата на луѓето кои поминале низ екстремно тешки трауми имаат поголема веројатност за ментални здравствени проблеми и ова не е ново сознание. Досега беше познато дека трауматските искуства можат да предизвикаат проблеми во однесувањето, кои се пренесуваат на наредната генерација. Но, сега научниците почнуваат да откриваат како се случува тоа.
Научници од Универзитетот во Цирих откриле дека глувците кои имале трауматски искуства имале недостаток на некои видови на кратки молекули на РНК или микро РНК, а вишок од други типови на микро РНК. Промените довеле до нарушување на регулацијата на процесите во клетките, кои се контролирани од тие видови на РНК.
Трауматизираните глувци не само што самите имале промени во однесувањето, туку нивните симптоми се пренеле и на следната генерација - преку спермата, иако потомството не било подложено на стресови. Метаболизмот на потомството на трауматизираните глувци исто така бил нарушен - нивните нивоа на инсулин и шеќер во крвта биле намалени.
Проф. Isabelle Mansuy, вели:
Докажавме дека трауматските искуства влијаат долгорочно врз метаболзимот и овие промени се наследни.
Со промената на микроРНК во спермата откривме клучен фактор преку кој се пренесува траумата.
Како и да е, остануваат отворени некои прашања, како на пример на кој начин се нарушува регулацијата на кратките РНК. Најверојатно тоа е дел од синџирот на настани, кои започнуваат кога телото почнува да прозведува премногу хормони на стрес.
Важно е тоа што и стекнати карактеристики, кои не се однесуваат на траума исто можат да бидат наследени преку слични механизми, велат истражувачите.


