Стресот во бременоста влијае врз наредните генерации

трудница

Канадските истражувачи утврдиле дека стресот во бременоста предизвикува промени врз гените и дека може да се пренесе врз бебето, влиаејки врз бременостите на наредните генерации. Тие утврдиле дека ќерките на мајките, кои во бременоста биле под стрес, имаат поголема веројатност дека ќе имаат пократка бременост.

Истражувачи од Универзитетот во Летбриџ подложиле на стрес стаорци во поодмината бременост. Нивните ќерки имале пократка бременост, иако самите не биле подоложени на стрес, отолку потомството на стаорците кои не биле подложени на стрес. Не само тоа, туку дури и ќерките на ќерките имале пократка бременост, иако нивните мајки никогаш не биле подложени на стрес.

Проф. Gerlinde Metz, вели:

Докажавме дека стресот низ генерациите е доволно силен за да ја скрати бременоста кај стаорците и се појави белег кој може да е карактеристика за предвременото раѓање кај луѓето.

Изненадува откритието дека благиот до умерен стрес во бременоста е доволно силен за да има ефект врз следните генерации.

Проф. Metz, верува дека овие промени се должат на епигенетиката - аранжманот и експресијата на гените.

Таа додава дека овие промени се должат на микро РНК - некодориачка РНК, чии молекули играат улога во регулацијата на експресијата на гените.

Професорката вели:

Она што не знаевме е дека микро РНК, која е важен маркер за човечките болести, може да биде генерирана преку искуства и наследена во наредните генерации.

Сега покажавме дека мајчинскиот стрес може да генерира модификации на микро РНК, со ефекти во наредните неколку генерации.

Таа уште додава дека предвремено породување може да биде предизвикано од многу фактори, а студијата дала увид во тоа како стресот на нашите мајки, баби, па и уште подалечни предци, може да влијае врз бременоста и компликациите при раѓањето.