Правосмукалките како носители на инфекции

Од: Твое Бебе on Вторник , 01/10/2013 - 23:46

Научниците предупредуваат дека по чистењето со правосмукалка во воздухот остануваат да лебдат бактерии, мувли и прашина, со што се влошуваат алергиите, но постои и опасност од инфекција со бактерии.

Во експиремент на Универзитетот во Квинсленд, Канада, во прашината која била расфрлана во воздухот по чистење со правосмукалка, биле пронајдени траги од ДНК на бактеријата Clostridium botulinum - чии токсини можат да го предизвикаат опасниот ботулизам кај децата.

Прашината која се крева по чистењето може да послужи како вектор или транспортер за бактериите и инфекцијата, а претходни студии веќе ја поврзаа оваа бактерија со синдром на ненадејна смрт кај доенчињата.

Освен потенцијалната можност за инфекции, во воздухот остануваат да лебдат фини аеросоли, кои ги влошуваат симптомите кај алергичните луѓе, децата и луѓето со нарушен имунитет.

Во експериментот биле испитани 21 правосмукалка со различна старост и квалитет. Правосмукалките биле тестирани во чисти воздушни тунели за да се избегне можноста од контаминација со бактерии и мувли од други извори.

Сподели со пријателите:
Designed by Antsin.com