Бракот го намалува нивото на стрес

Долго време се знаеше дека луѓето кои се во брак имаат подобро здравје, но нова студија покажа дека имањето на долгорочна заедница има влијаните и врз хормоните и намалувањето на стресот.
Паровите кои не се во брак, но имаат посветена и долгорочна романтична врска исто така покажуваат намален стрес како и луѓето кои се во брак, вели Dario Maestripieri - професор на Универзитетот во Чикаго и водач на студијата.
Во студијата учествувале 500 студенти на постидипломски студии. Од нив се побарало да изиграат серија на компјутерски игри и им било кажано дека се дел од испит и како такви ќе имаат влијание врз нивниот успех и понатамошна кариера. Ова било направено со цел кај студентите да се предизвика стрес.
Пред почеток и по завршувањето на играњето им бил земен примерок плунка за да се измери нивото на хормонот кортизол - или познат како хормон на стрес. Кај сите студенти нивото на кортизол се зголемило, а кај жените зголемувањето било поголемо. Она што било интересно е што кај студентите кои биле во брак или долгорочна врска зголемувањето на нивото на хормонот на стрес било помало од зголемувањето кај самците. Ова важело и за мажите и за жените. Помалото ниво на хормон на стрес значи и помалку од сите прдружни ефекти на стресот.
Заклучокот е дека иако бракот може да биде доста стресен, тој сепак им помога на луѓето да се справат полесно со другите стресни ситуации во животот. Резултатите од студијата се конзистентни со другите студии кои поажуваа дека бракот и подршката од заедницата им помагаат на луѓето полесно да се справат со психолошкиот стрес. Односно бракот делува како пригушувач на стресот.
Нивото на тестостерон пак како последица на стресот кај машките студенти опаднало, што се поклопува со другите студии кои покажаа дека стресот го намалува тестростеронот кај мажите. Самците имале повисоко ниво на тестостерон во споредба на нивните колеги кои биле во брак, што исто така се поклопува со другите студии кои покажуваа дека кога мажот ќе основа семејство и почнува да се грижи за потомството, нивото на тестостерон опаѓа.

