Бебињата и огледалата
Social Buttons
Се чини како да постои љубовна врска помеѓу бебињата и огледалата, уште додека се многу мали.
Повеќето бебиња се насмевнуваат, гугаат и се смеат додека си ги гледаат малите, слатки лица, како рефлексија во огледалата. Всушност гледањето во огледало е една од омилените бебешки активности.
Сепак останува фактот дека до 18 месеци старост повеќето бебиња не можат да препознаат дека всушност тоа се тие самите кои се гледаат во огледалото. Се дотогаш лигавењето, играњето, допирањето, притискањето со рачињата врз огледалото, за бебињата претставува социјална активност. Тие уживаат во друштвото на личноста која гледа во нив, но не го поврзуваат тоа со себе. Веројатно огледалата мамат толку многу бебешка смеа затоа што бебињата сакаат лица и една од нивните омилени активности е да зјапаат во цртите на лицето.
Кога почнува самопрепознавањето? Психолозите дијазнирале мал експеримент за да го добијат одговорот на ова прашање. Во контролирани лабораториски услови тие ставиле обоена точка на лицето на бебињата и ги пуштиле да си играат пред огледало. Ако кога ќе се погледнеле во огледалото бебињата се обиделе да го избришат своето лице или да ја допрат точката на своето лице, тогаш значело дека навистина разбирале дека тоа се тие самите во огледалото. Но ако продолжеле да си играат нормално, значело дека сеуште не ја достигнале точката на самосвесност.
Повеќето родители се изненадени кога ќе дознаат дека е потребно толку долго време за да се развие препознавање во огледало, но всушност за тоа се потребни многу напредни когнитивни вештини. Станувањето самосвесен оди рака под рака со свесноста (една од најсофистицираните човечки квалитети). За да ја сфатат, бебињата е потребно да знаат дека тие се засебни физички битија, со сопствени мисли и чувства.
Дали мислите дека вашето бебе ја достигнало точката на препознавање? Можете самите да направите мал тест дома


