Како до побрзо забременување

совети за забременување

 

Како побрзо до забременување

 

Забременувањето, односно создавањето на нов живот е прекрасно искуство, обидете да се уживате во него. Не постојат правила кои ќе ви овозможат да забремените истиот месец, но има некои работи кои ќе ви ја зголемат веројатноста дека вашата бременост ќе се случи побрзо. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат доколку сакате да забремените:

Уживајте во создавањето на новиот живот, наместо да го направите трка за бебе

 

  • Направете општ гинеколошки преглед и микробиолошки брисови, на тој начин ќе знаете дека вашето тело е спремно за бременост и доколку има некаков проблем навреме ќе се третира. Евентуалните инфекции можат да му нанесат големи штети на плодот и да доведат со спонтан абортус, но ако се откријат благовремено навреме ќе бидат излечени.
  • Ако употребувате некакви лекарства известете го вашиот лекар дека сакате да зачнете. Некои лекарства можат да му наштетат на плодот уште во почетните стадиуми на бременоста. Лекарот ќе ви каже дали да продолжите да ги земате или ќе ви препише замена.
  • Почнете да земата фолна киселина. Ова само по себе нема да ги зголеми шансите за да зачнете, но фолната киселина може да спречи појава на многу дефекти кај детето, повеќе за неа прочитајте на следниот линк: Фолна киселина.
  • Обидете се сексот да го направите поинтересен. Заборавете на рутината и сетете се дека спалната соба не е единственото место каде што можете да водите љубов. Не дозволувајте правењето на бебе да го уништи вашиот интимен живот, особено ако се обидувате подолго време да зачнете.
  • Немојте веднаш по сексуалниот однос да истрчате во купатило. Останете да лежите некое време, на тој начин сперматозоидите нема да се борат со силата на гравитацијата и полесно ќе навлезат до јајце клетката.
  • За време на плодните денови водете љубов почесто, по можност и секојдневно. Тоа се отприлика 4-5 дена пред овулацијата. Доколку имате редовен циклус, овулацијата можете да ја пресметате на многу едноставен начин со користење на Калкулаторот за одредување на плодните денови. Доколку немате редовен циклус, овулацијата сепак можете да ја забалежите по дрги знаци. Повеќе за тоа прочитајте во темата Следење на знаците на овулација. Овулацијата најчесто се случува 14 дена пред следната менструација.
  • Доколку вашиот партнер има проблем со бројноста на сперматозоидите, веројано ќе ви биде препорачано да избегнувате сексуални односи 2-3 дена пред овулацијата, за при ејакулацијата да има повеќе созреани сперматозоиди. Сепак ако апстинецијата трае подолго од 7 дена, квалитетот на спермата се влошува. Доколку спермограмот е нормален нема потреба од апстиненција.
  • Бидете трпеливи. Имајте впредвид дека и кај најздравите парови кога се е во ред и сексуалниот однос е совршено темпиран, до зачнување доаѓа кај 25-30% случаи во еден циклус.
  • Избегнувајте да корисите тампони, вагинални спрејови, лубриканти (освен оние на кои пишува дека се пријателски за спермата) и сл. Овие работи можат да доведат до создавање на непријателска средина за сперматозоидите.
  • Ако пиете повеќе од 3 кафиња дневно, намалете ја дозата. Се смета дека кофеинот ги стега крвните садови и со тоа го спречува развојот на бебето. Некои лекари не се согласуваат со ова, но од друга страна на бремените жени им се препорачува да не пијат повеќе од 2-3 кафиња дневно, па можете да ја ограничите количината на кофеинот уште со време.
  • Ако се обидувате да зачнете немојте да држите ригорозни диети, тие можат да влијаат да дојде до нарушување на овулацијата, а со тоа и до оневозможување на зачнувањето. Од друга страна пак ако имате прекумерна тежина, препорачливо е да ја доведете во нормални граници. Така не само што ќе си го олесните зачнувањето, туку ќе си ги зголемите шансите за здрава бременост и здраво потомство. Повеќе испитувања покажуваат зголемен ризик кај бебињата на дебели мајки.
  • Добро е да вежбате и да бидете активни, активноста ја подобрува плодноста. Сепак немојте да претерувате. Понекогаш кај професионалните спортистки се јавува пореметување на циклусот и овулацијата. Овие промени не би требало да се трајни и со ставање на вежбањето во нормални граници, плодноста се враќа.
  • Што се однесува до пушењето, пиењето алкохол, земањето на лекарства и сл. има правило кое гласи: Кога се обидувате да зачнете, однесувајте се како веќе да сте бремени, затоа што никогаш не можете да знаете дека не сте. Особено треба да се внимава во втората фаза од циклусот, односно деновите помеѓу овулацијата и доаѓањето (или недоаѓањето) на следната менструација.
  • Постојат и положби за водење љубов кои се сметаат за подобри за зачнување. Се препорачуваат положби при кои има длабока пенатрација за спермата да остане поблиску до грлото на матката. Избегнувајте положба на жената горе, така семето полесно ќе истече. Жените пак  со превртена матка имаат поголеми шанси за зачнување во  т.н. "кучешка поза"
  • Кога ќе помине овулацијата остануваат 2 недели на чекање. Доколку ви доцни менструацијата има големи шанси дека се работи за бременост, време е да направите домашен тест за бременост. Понекогаш тестот може да даде лажно негативен резултат, па ако не добиете менструација во следните 2-3 дена повторете го тестот. Доколку пак добиете позитивен тест на бременост речиси 100% е сигурно дека сте бремени. Повеќе за тестирањето можете да прочитате тука: Тест за бременост.