Трудниците кои пијат чаша млеко во денот имаат повисоки деца
Social Buttons

Претходно бројни студии покажаа дека бремените жени кои пијат млеко имаат бебиња со поголема тежина и раст. Но сега студија покажа дека бенефитите продолжуваат и во тинејџерските години - нивните деца се повисоки и имаат повисоки нивоа на инсулин, што укажува на тоа дека имаат помал ризик за дијабетис тип два.
Група научници следеле 809 бебиња родени во Данска, во доцните осумдесети години и откриле дека нивната висина за време на адолесценцијата била директно поврзана со тоа колку млеко пиеле нивните мајки во бременоста.
Резултатите покажале дека мајките кои во бременоста пиеле по 150 мл млеко дневно генерално имале повисоки деца од обата пола.
Претходна студија во Б. Британија покажа дека мајките кои пијат млеко имаат деца со повисок коефициент на интелигенција, заради јодот во млекото. Богат извор за јод исто така е рибата. Трудниците кои консумирале помала количина на јод имале деца со помал коефициент на интелигенција и послаби способности за читање.
Јодот е неопходен за производство на хормоните на тироидната жлезда и има директно влијание врз развојот на мозокот на бебето во стомакот на мајката.



