Секс во бременоста
Social Buttons

Сексот во бременоста во глобала е безбеден, со исклучок на неколку компликации, вели новиот прирачник за лекарите кои ги советуваат бремените жени во врска со сексуалните односи, објавен во CMAJ (Canadian Medical Association Journal). Прирачникот е изработен врз основа на сегашните докази.
Потенцијалните, иако ретки ризици од секс во текот на бременоста се: предвремено породување, пелвична воспалителна болест, крварење кај плацента превиа (кога плацентата покрива дел од грлото на матката) и крвни згрутчувања.
Иако на жените изложени на ризик од предвремено породување, им се препорачува воздржување од сексуални односи, доказите се контрадикторни и ограничени. Кај ниско-ризичните трудници, честиот секс бил поврзан со зголемен ризик од предвремено породување само кај жените со воспаленија на долниот генитален тракт. Кај повисоко ризичните трудници: кои носат повеќе од едно бебе, кои имаат некомпетентност на цервиксот или историја на предвремено породување - постојат ограничени докази.
Сексуалните односи во бременоста се безбедни, со неколку икслучоци
Кај популацијата изложена на зголемен ризик од предвремено породување, нема докази кои укажуваат на јасна корист од воздржувањето од сексуални активности, но сепак, ова е едноставна интервенција која не предизвикува штета и може да биде разумна препорака додека не се појават подобри докази", пишува д-р Клер Џонс, од Универзитетот во Торонто со коавторите на студијата.
Во ретки случаи, некои типови на сексуална активност која внесува воздух во вагината на жената, може да резултира со згрутчување на крвта во матката, што обично е фатално.
"Сексот во бременоста е нормален", пишуваат авторите. "Постојат многу малку докажани контраиндикации и ризици од сексуален однос кај ниско-ризичната бременост, и затоа овие пациенти треба да се уверат.
Во бременостите пак кои се искомплицирани со плацента превиа или зголемен ризик од предвремено породување, иако постојат недоволно докази за поддршка на апстиненцијата, тоа е разумна препорака во споредба со теоретски можните катастрофалните последици. "
Тие наведуваат дека не постои доказ за теоријата дека сексот за време на терминот на породување може да предизвика контракции и не се познати негативни резултати кај жените со ниско-ризична бременост.
Авторите заклучуваат дека нивото на удобност и подготвеност да се вклучат во сексуалната активност, треба да ја водат одлуката на паровите за сексот во бременоста и постпородилниот период.



