Доењето е најдобро и за развој на мозокот

Доењето го подобрува развојот на мозокот за 30%, покажа нова студија. Бебињата кои се ексклузивно доени барем 3 месеци, имаат до 30% зголемен пораст во клучните делови на мозокот кои ги контролираат јазикот, емоциите и разбирањето.

Студијата опфатила 133 деца помлади од 4 години и покажала дека децата кои биле на мајчино млеко имале видлива предност кога станува збор за развојот на мозокот.

Истражувачите откриле дека бебињата кога ќе наполнеле две години, веќе имале видлива разлика во структурата на мозокот.

Др. Sean Deoni, водач на студијата вели
 

Откривме дека разликата во растот на белата маса е 20-30% кога ќе се споредат доените со недоените деца.



Скенирањето со магнетна резонанца покажало дека ексклузивно доените деца имаат побрз раст на белата маса - ткиво, полно со долги нервни влакна кои ги поврзуваат различните делови од мозокот што се користат за учење.

Бебињата кои уште од почетокот биле хранети со адаптирано млеко имале најмалку бела материја.

Научниците ги поткрепиле скеновите со когнитивни тестови, кои покажале дека јазичните способности, визуелната рецепција и моторната контрола биле подобри кај доените деца.

Уште се покажало дека колку подолго биле доени децата, толку имале поразвиени мозоци, особено во областите поврзани со движење и координација

Ова не е прва студија која покажала поврзаност помеѓу доењето и подобриот развој, но др. Деони тврди дека за прв пат се користени слики од магнетна резонанца за да се споредат мозоците на доените и недоените бебиња.

Тој уште вели:
 

Мислам дека е вчудоневидувачки тоа што може да се има толку многу разлика, толку рано. Мислам дека заедно со сите други докази, се покажува дека доењето е апсолутно полезно.