Задачи, проблеми и конфликти

За да ги избегнеме емотивните испади со нашите деца потребно е да ја разбереме разликата помеѓу задачите, проблемите и конфликтите.

Задачи


Задачите се нормалните работи кои родителите ги извршуваат секојдневно. Ги будите децата, внимавате да се облечат, спремате појадок, проверувате дали ги имаат сите работи што ќе им бидат потребни тој ден и излегувате од дома. Потоа ќе отидете во аптека за да ги земете препишаните лекарства, ќе свратите во библиотека за да ги вратите книгите итн. Задачите се она што го работи родителот, тие се работа, но се очекувани. Тие се дел од работата.



Проблеми


Проблемите се нешто друго. Тие се пречки на патот до нашата цел. Вашиот син игра видео игра наместо да се облече, не можете да го најдете потребниот рецепт, ви ја нема книгата што треба да вратите во библиотека, домашното на вашата ќерка не е во нејзиниот ранец, а таа не може да си го најде едниот чевел. Задачите обично не ги предизвикуваат тензиите во семејниот живот, туку проблемите се испречуваат на патот.
 

Конфликти


Конфликтите се случуваат ако дозволиме проблемите да ескалираат, типично ова се случува преку емотивно интензивирање. Проблемите плус емоции лесно водат во конфликт. Еве едно важно правило: Не дозволувајте проблемите да се претворат во конфликт. Наместо тоа пронајдете начин како да ги претворите во дополнителни задачи, преку смислување на план како да ги решите.

Воспитувањето на децата е задача, не е проблем. Разликата помеѓу нив се вашите очекувања. Ако сте изненадени што вашиот син се опира на вашите инструкции и ако тоа го гледате како личен напад, тогаш тоа ќе ескалира во конфликт. Но, всушност отпорот на вашиот син е слабост, тоа е проблем. Дел од вашата работа како родител е да го воспитувате вашето дете. Дозволете проблемот со отпорот да стане задача во воспитувањето. Тоа е само уште една задача во вашата работа како родител.


  Др. Scott Turansky & Joanne Miller