Дете

Антибактериските сапуни го зголемуваат ризикот од алергии

Децата кои се изложени на високи нивоа на антибактерискиот агенс триклосан се изложени на зголемен ризик од развој на алергии на храна и алергии на животната средина.

Антибактериските сапуни го зголемуваат ризикот од појава на алергии

Чувањето на милениче во домот може да ги заштити децата од астма

Истражувачите открија дека прашината од домовите со кучиња нуди заштита против респираторен вирус, кој е поврзан со појавата на астма кај децата.

Респираторниот синцицијален вирус (RSV) е чест кај доенчињата, но колку се потешки симптомите толку е поголема веројатноста дека ќе се развие во астма.

Во неодамнешна студија, Kei Fujimura, од Универзитетот во Калифорнија, откри дека прашината во еден дом со мачка или куче е различна од прашината во домовите без миленичиња.

Љубовта на таткото има пресудно влијание врз развојот на личноста на детето

Љубовта на таткото придонесува исто толку - а понекогаш и повеќе за развојот на детето колку и љубовта на мајката. Ова е еден од многуте наоди, кои произлегоа од една нова голема анализа на истражувања за моќта на родителското отфрлање и прифаќање во обликувањето на нашите личности како деца и во зрелоста.

Ronald Rohner - од Универзитетот на Конектикат и коавтор на студијата вели:

Способноста за сакање е вкоренета во раното детство

Способноста за доверба, љубов и решавање на конфликтите со саканите почнува уште во детството - многу порано отколку што можеби мислите.

Психологот Jeffry A. Simpson - автор на студијата, заедно со колегите W. Andrew Collins и Jessica E. Salvatore од Универзитетот на Минесота, велат:

Бебето имитира и учи од вас? Да, се додека не го измамите

Бебињата сакаат да имитираат. Прашајте го било кој родител и тој ќе ви каже дека бебињата имитираат звуци, изрази на лицето и активностите кои ги набљудуваат. Сега новите истражувања од Универзитетот Конкордија, објавени во списанието Infant Behavior and Development, покажаа дека бебињата можат да направат разлика помеѓу веродостојни и не-веродостојни извори. Едноставно кажано, повеќето деца нема да следат ако претходно биле излажани од страна на некој возрасен.

Пријателствата им помагаат на децата во регулирање на стресот

Кортизолот - хормон на стрес кај луѓето, ја мобилизира енергијата и ни помага да одговориме на потенцијална закана, кога сме под стрес. Зголемените нивоа на кортизол се адаптивни - тие ни помагаат да се прилагодоме на променливите околности и да се справиме со стресорите кога тие ќе се појават - но хронично високо ниво на кортизол може да има негативни ефекти врз тоа како функционираме, особено врз нашиот имунолошки систем.

Pages

Designed by Antsin.com