Домашна задача на едно детенце, на тема Бог

Social Buttons

Ова е домаша задача на едно осум годишно детенце на тема Бог. Децата ги разбираат работите на прекрасен начин. Навистина е чудесно како може детското срце да биде искрено.

Еве го текстот:

Една од главните работи на Бог е правењето на луѓе. Тој ги прави луѓето за да ги замени оние кои умираат, за да има доволно луѓе на земјата за да се грижат за работите овде. Тој не прави возрасни, туку само бебиња. Мислам дека е така затоа што бебињата се помали и полесно се прават. Така, Тој не мора да го троши Неговото скапоцено време учејки ги да одат и зборуваат. Едноставно може да им го остави тоа на мајките и татковците.

Втората најважна работа на Бог е слушањето на молитвите. Тоа се случува ужасно често затоа што некои луѓе, како проповедниците и други се молат и во друго време покрај пред одењето во кревет. Заради ова Бог нема време да слуша радио или телевизија. Бидејки Тој слуша се, а не само молитвите, мора до Неговите уши да допира ужасна врева, освен ако не смислил начин како да ја исклучи вревата.

Бог гледа се и слуша се и е насекаде, што придонесува да биде многу зафатен. Затоа не треба да го трошиш Неговото време, барајки работи за кои родителите веќе ти рекле дека не можеш да го добиеш.

Атеистите се луѓе кои не веруваат во Бог. Мислам дека нема такви во Чула Виста или барем ги нема помеѓу оние кои одат во нашата црква.

Исус е Божјиот Син. Тој ја вршел целата тешка работа како одење по вода и правење на чуда, обидувајки се да ги научи луѓето кои не сакале да учат за Бог. Тие конечно се умориле од тоа да им проповеда и Го распнале. Но Тој беше добар и милостив како и Неговиот Татко и Му рече на Таткото дека тие не знаеле што прават и да им прости и Бог рекол ОК.

Неговиот Татко (Бог) го ценеше сето тоа што Исус го направи и целиот Негов напорен труд на земјата, затоа Му рече дека не мора повторно да оди на пат. Можеше да остане на Небото. И сега Му помага на Неговиот Татко во слушањето на молитвите и грижејки се да се завршат работите кои Му се важни на Бог и оние работи кои може да ги заврши Сам, без да Му додева на Бог. Како секретар, само многу поважен. Можеш да се помолиш кога и да сакаш и Тие сигурно ќе те слушнат бидејки барем еден од Нив е постојано на должност.

Ако не веруваш во Бог, освен што ќе бидеш атеист, ќе бидеш и многу осамен бидејки твоите родители не можат да одат секаде со тебе, на пример во камп, но Бог може. Добро е да знаеш дека Тој е покрај тебе кога си уплашен од темнина или кога не можеш да пливаш многу добро, а си турнат во навистина длабока вода од другите деца. Но не треба секогаш да мислиш за тоа што Бог може да го направи за тебе. Сфаќам дека Бог ме стави тука и може да ме земе секогаш кога ќе посака.

И затоа верувам во Бог.

Напишано од Дени Датон (8 години) од Чула Виста, Калифорнија.

Designed by Antsin.com