Позиционерите за спиење се опасни за бебињата
Social Buttons
Позиционерите за спиење би требало да им обезбедат на бебињата побезбеден сон, но наместо тоа се покажа дека тие се опасни за употреба.
Позиционерот би требало да обездеди бебето да спие свртено во една позиција и да има ограничени движења. Често пати позиционерите беа рекламирани како нешто што ќе го намали ризикот од нeнадејна смрт на новороденчето или т.н. смрт во колевка. Таквите благотворни дејства на позиционерите никогаш не беа докажани и имаше многу лекари кои ги предупредуваа родителите да не ги користат.
Позиционерите за спиење - повеќе штетни, отколку корисни
Mothercare и Tesco повлеkoa од продажба повеќе позиционери, се додека не направат доплонителна анализа, заради загриженоста која се подигна во САД.
Предупредувањата за опасноста на позиционерите дојдоа откако властите во САД изјавија дека 2 деца се загушиле заради нивната употреба. Од 1997 г. досега се регистрирани 12 случаи на смрт заради гушење во позиционер. Најголем дел од нив се случиле кога децата од странична положба успеале да се свртат на стомак.
Освен ова, има пријавено десетици случаи кога бебето било легнато на грб или на страна во позиционерот, а потоа било пронајдено во опасна положба.
Judy Sage е мајка на едно од починатите бебиња. Нејзиниот син Енди се загушил во позиционер кога имал 8 недели. Неговиот педијатар препорачал да го ставаат да спие на страна заради гастро-езофагалниот рефлукс - чест проблем кај бебињата. Џуди купила позиционер, но една ноќ открила дека Енди се загушил.
Таа вели:
Енди ќе беше денес тука, ако не користев позиционер.
Од смртта на Енди во 2002 г., Џули водеше кампања за да им помогне на родителите да станат свесни за опасноста од користењето на позиционер, а сегашното предупредување од Агенцијата за Храна и Лекови во САД (FDA), го смета за "голема победа".
Агенцијата уште пред неколку месеца побара од производителите на позиционери да престанат со нивно производство.
Чувствував како да викам гласно, но не доволно гласно за да бидам слушната. Мислев дека за тоа ќе трае цел живот.
Др. Rachel Moon, водач на "Американската Академија за Педијатрија" вели:
Има стотици овакви производи кои имаат потенцијал да предизвикаат штета.
Грешката број 1 на родителите е што мислат дека штом нешто се продава, дека мора да биде безбедно. Тоа не е точно.
Inez Tenenbaum - Претседател на Комисијата за Безбедност на Производите, им вели на родителите дека треба да "престанат да ги користат позиционерите, за нивните бебиња да имаат безбеден сон".
Смртта и опасните ситуации кои резултираат од употребата на позиционерите за спиење се сериозна причина за загриженост.
Позиционерите често пати се продаваат со тврдење дека го намалуваат гастро-езофагалниот рефлукс, синдромот на рамен тил, синдромот на смрт во колевка и дека го подобруваат квалитетот на одморот на бебињата.
Diana Zuckerman - Престедател на Националниот Истражувачки Центар за Жени и Семејства вели:
Цврсто им препорачуваме на родителите да ја игнорираат продажбата на многу од овие прозиводи за бебиња, и ги молиме компаниите да бидат повнимателни пред да продаваат производи кои се потенцијално опасни за нашите бебиња.
Предупредувањето дојде после неодамнешните акици превземени во врска со безбедноста на други детски производи, вклучувајки го повлекувањето на повеќе од 2 милиони колевки со спуштање на страната во Јуни, како и повлекувањето на некои средства од Џонсон и Џонсон во Април.


