Зошто бебињата се будат кога ќе ги спуштите долу?

бебе во креветче

Ова е фрустрација на огромен број родители: Штотуку бебето заспало во вашите раце и сакате да го оставите за да отидете во тоалет или дури можеби и да се нахраните! Тивко заминувате во спалната, давајки се од себе за да не го вознемирите, со болно спора брзина и супер нежни движења го спуштате во креветчето..., а сепак, штом ќе го допре душекот, ќе ве погледне со поглед што значи: Не можам да поверувам дека се обиде да ме спуштиш долу! Целосно е будно и се почнува одново, вашето бебе сака повторно да се врати во рацете на мама.

Без разлика колку пати се обидувате или колку ви се чини дека длабоко спие, тоа се случува одново и одново. Зошто?!

За несреќа (или за среќа, зависи како гледате на тоа) тоа не е нешто што можете да го промените. Професор James McKenna, светски познат стручњак за заедничко спиење објаснува:

Бебињата се биолошки дизајнирани за да почувстуваат кога се случува нешто опасно - одвојување од личноста која се грижи за нив. Тие преку нивната кожа чувстуваат дека нешто е поразлично, како дека недостига мекоста на мајчиниот допир, топлината на мајчиното тело, мирисот на мајчиното млеко, нежноста на мајчините движења, дишењето на мајката и чувството на заштитеност. Бебињата се алармирани, бидејки што се однесува до она што им го кажува нивното тело - тие ќе бидат напуштени, затоа будењето е повик до личноста која се грижи за нив да се врати назад - од тоа зависи нивното преживување.

Во ред, сега разбирате зошто бебето се буди кога ќе го спуштите долу, но ...


Што можете вие да направите?


Очигледно дека од биолошка перспектива нема што многу да направите, но можете да си помогнете со разбирањето дека на вашето бебе во овој период од животот му е потребно да се чувстува безбедно и заштитено.

Животот и за вас и за бебето може да биде многу полесен ако ги отфрлите правилата и да соработувате со "програмата" за преживување на вашето бебе. Ако го оставите бебето и тоа почне да плаче, обидете се да го утешите во неговото креветче. Но, ако тоа не помага и плачот ескалира, нивото на анксиозност и чувство на напуштеност и опасност кај бебето може да се интензивира. Бебето сеуште учи што значи да се живее во светот. Тоа учи дали неговиот повик за помош резултира со љубов и утеха или не резултира со ништо - па тогаш и зошто да бара помош од некого? Со пружањето на утеха, бебето исто така учи да им дава утеха на оние на кои плачат.

Иако понекогаш оставањето на се настрана и предавањето на гушкање со бебето може да ви е заморно и стресно, сепак тоа е одлично решение. Многу важно е да сфатите дека бебето го комуницира својот страв, а не дека манипулира.

Како и многу други родителски искушенија, потсетете се дека и ова "ќе помине". Се е привремено, ништо во животот не е постојано. Кога вашето бебе ќе биде од другата страна на неговата потреба да се чувстува безбедно во вашите раце (а тоа се случува многу брзо) ќе биде мало суштество со повеќе доверба и самодоверба. Тоа е неопходен чекор. Некои од вас сигурно ќе си помислат: Ќе полудам додека го држам моето бебе, а ништо не е сработено. Но дали повеќе би сакале да полудите затоа што системот за аларм кај вашето бебе се вклучува и исклучува цел ден, што пак ќе значи и отсуство на сон? Кога ќе го утешите и кога бебето ќе сфати дека е заштитено, ќе ви биде многу полесно.

Неколку совети:

  • Можете да купите добар слинг или кенгур за носење на бебето.
  • Побарајте помош од другите членови на семејството.
  • Ако бебето се наоѓа во период на скок во развојот може да биде покенкаво и да плаче повеќе. Нема да можете многу да промените, но имајте на ум дека тоа се нормални и минливи фази.
  • Ако собата во која го оставате бебето е постудена или ако чаршафите се ладни, бебето ќе се штрекнува. За да му помогнете, затоплете пред да го оставите во кревет.
  • Оставете ваша неиспрана маица во креветчето на бебето, така ќе го чувстува вашиот смирувачки мирис.
  • Запомнете, се ова ќе помине. Можеби сега ви се чини како вечност, но тоа е само краток период од животот на вашето бебе. Ќе помине пред да се освестите и ќе ви недостасуваат тие мали гушкања. Издржи мамо!