Урми за полесно породување

Научници од Универзитетот за Наука и технологија, од Јордан, решиле да ги испитаат ефектите, кои го имаат урмите врз параметрите и исходот на продувањето. Студијата траела од фебруари 2007 до јануари 2008 година.
Во студијата учестувале 69 жени, кои јаделе по 6 урми дневно, во период од 4 недели пред терминот за породување. Во контролната група пак имало 45 жени, кои не јаделе урми.
Жените кои јаделе урми имале значително поголема отворенот на грлото на матката при приемот во болница, споредено со жените кои не јаделе урми. Бројките биле соодветно: 3,52 см споредено со 2,02 см кај жените кои не јаделе урми.
Спонтано породување се случило кај 96% од жените кои јаделе урми, во споредба со 79% кај оние кои не јаделе.
Употребата на окситоцин била значително пониска во групата која јадела урми - 28%, во споредба со 47% кај жените кои не јаделе урми.
Средната латентна фаза од првиот стадиум на породувањето траела 510 минути, во споредба со 906 минути кај оние жени кои не јаделе урми.
Студијата заклучува дека јадењето урми барем во последните 4 недели од бременоста значително ја намалува потребата од индуцирање на породувањето.
Резултатите од студијата треба да се потврдат со нова рандомизирана контролна студија.
Друга студија во Иран покажа дека консумирање на 50 грама урми веднаш по породувањето на плацентата, значително го намалува крварењето. Се смета дека тој ефект се должи на содржината на калциум, танин, серотонин, ензими итн.
Инаку во некои делови од Африка урмите одамна се познати како храна, која ја зајакнува матката и го олеснува породувањето.