Разводот остава трајни последици врз учењето и влијае врз способноста на децата да формираат пријателства
Кога нивните родители се разведувале, децата се бореле со математиката и склучувањето на пријателства , покажа студија во САД.
Тие често заостанувале зад соучениците, чии родители останале во брак, и страдале од анксиозност, чувство на осаменост и тага - а може никогаш да не успеeле да се израмнат академски со нив.
Разводот на родителите остава трајни последици врз децата
Спротивно на некои претходни истражувања, децата од основно училиште не покажувале никакви негативни ефекти, пред родителите да одлучат да се разведат.
Но, штом ќе почнел процесот на развод, децата претрпувале голем број на долготрајни проблеми, покажува извештајот на американскиот социолошки преглед.
Во пет-годишната студија била направена споредба помеѓу емотивниот и академскиот развој на децата на разведени родители и оние деца чии родители останале заедно, следејќи 3.585 деца на возраст од околу четири години.
Hyun Sik Kim - водачот на студијата, од Универзитетот во Висконсин-Медисон, вели:
Децата на разведени родители имаат повеќе неуспеси на тестовите по математика и покажуваат проблеми со интерперсоналните вештини.
Тие многу повеќе се склони кон чувство на анксиозност, осаменост, ниско самопочитување и тага.
Ова се стабилизира после разводот, но децата заостануваат зад нивните врсници од нераспаднатите семејства.
Моето првично предвидување беше дека децата на разведени родители, ќе ги доживеат негативните влијанија уште пред да започне процесот на официјалниот развод. Но студијата покажа дека тоа не е случај.
Можните причини за неуспехот кај децата, можеби се резултат на гледањето како нивните родители се обвинуваат едни со други за разводот или пак се расправаат за старателството.
Нестабилната ситуација во која живеат децата, кои се делат меѓу родителите, исто така, може да ги наруши нивните социјални мрежи.
Другите проблеми вклучуваат економски тешкотии поради ненадејниот пад на семејните приходи или пак родителот, кој можеби страда од депресија - како резултат на разводот.
Студијата додава дополнителни податоци, на веќе големата маса информации - кои покажуваат дека децата страдаат од разводот на родителите.
Британско истражување веќе покажа, дека децата од распаднати семејства имаат пет пати поголеми шанси да страдаат од ментални проблеми, од оние чии родители останале заедно.