10 Работи за кои родителите треба да престанат да се грижат ВЕДНАШ!
Грижите се составен дел од нашите животи, но речиси никогаш не биле толку изразени како кога ќе станете родител. Кога ќе се роди бебето, родителите се загрижени и оптоварени со вина заради нивните родителски способности, ги анализираат своите секојдневни одлуки. Кога малку ќе стекнат искуство самодовербата расте, но сеуште се грижат за тоа дали нивното дете е среќно, дали му го давате апсолутно најдоброто како мајка и уште за милион работи.
Некои грижи се неизбежни. Ќе стрепите дали детето е здраво, безбедно итн., но некои грижи се совршено непотребни и едноставно само ви ја крадат силата и времето. Еве некои од нив:
1 Грижи за нередот во домот
Одгледувањето на децата е неуредна работа, па неуредноста е дел од мајчинството. Се обидувате да надете тенка пелена во купот од чорапчиња, шпихозни, играчи итн. Чистите со часови пред да ви дојдат гости или пак со часови после тоа се грижите дали домот ви бил доволно среден. Само еден брз поглед врз вашето бебе ќе ви покаже дека сте завршиле одлична работа. Пред да станете свесни, веќе вашето малечко ќе се исели од домот и ќе ви недостасуват сите тие играчки на подот и среќното бебе кое си играло со нив.
2 Грижи за туѓите деца
Колку пати да си ветите дека нема да го правите тоа, сепак го споредувате вашето дете со децата на пријателките. Кога другите деца почнале да се превртуваат, кога почнале да седат.. се грижите дали вашето можеби заостанува. Со секој нареден чекор доаѓа нов комплет од грижи. Подобро оставете ги уште сега, не му помагаат ниту на вашето дете, ниту пак вас. Сите деца се различни. Дали можете да кажете кој возрасен прв се превртил? Не. Тоа не ве прави гениј, ниту пак задоцнувањето во вртењето ве прави некој што бавно учи.
3 Грижи што не ги достигнувате вашите предмајчински очекувања
За време на бременоста, а можеби и уште порано, веројатно сте имале жива слика за тоа каква мајка ќе бидете. Исто така веројатно сте решиле и каков вид на деца ќе имате. А сега можеби сте разочарани затоа што не сте ги достигнале целите на тие соништа. Можеби доењето завршило порано отколку што сте очекувале, можеби вашите деца минат повеќе време пред телевизорот, од она што сте мислеле дека некогаш ќе го дозволите или можеби вашите деца не можат да седат мирни неколку часа. Не е важно, навистина не е важно. Какви и да биле вашите предмајчински очекувањта ослободете се од нив, уште сега. Тогаш не сте имале поим какво е родителството всушност или колку уморни ќе бидете. Сега учите од прва рака и она што сега го чувстувате и знаете вреди милион пати повеќе од идеите за мајчинството, кои сте ги имале тогаш.
4 Грижи што не сте совршени
Животот не е совршен, навистина не е. Без разлика што можеби Пинтерест ќе се обиде да ве натера да поверувате во тоа, никој не живее со совршено уредна куќа, со ангелски деца и ја јаде најздравата храна на светот, со препорачаната доза вино секоја недела. Таа слика со восхитувачките тодлерски активности веројатно е направена после часови труд и веројатно завршила со некој вид на тантрум. Не се грижете за совршенството, тоа не е достижна цел. Она што го гледате не е секогаш она што мислите дека е.
5 Грижи за стилот на децата
Тоа палтенце изгедаше толку прекрасно во магазинот, но сега кога е покриено со чоколадни дамки и бои веќе не изгледа толку привлечно на вашето дете. Стегачот за коса исто така изгледаше толку примамливо во дуќанот, но вашето девојче не дозволува прво да му ја исчешлате косата. Без разлика колку прекрасни комплетчиња сте купиле, вашата принцеза сака постојано да го носи нејзиното омилено фустанче во кое изгеда како принцеза - дозволете. Важно е вашето дете да се забавува, да има авантури и да ужива во неговото детство, а не дали изгледа како Харпер или другите деца на славните.
6 Грижи што правите кратенки
Во едно деноноќие има 24 часа, но на просечна мајка и се потребни барем уште толку за да ги заврши сите работи. Таа има усти за хранење, тела за облекување, пари за заработување и стрес од кој треба да се ослободи. Има купишта алишта за перење, роденденска торта за печење... Авантури кои ја чекаат, игри за играње и приказни за раскажување. Немојте да се обвинувате за кратенките, нпр. можеби сте купиле костум за маскембал наместо сами да сте го сошиле, можеби понекогаш користите готови кашички за да заштедите часови минати во кујната, можеби имате жена која ви го чисти домот - отфрлете ја вината. Едноставно му плаќате на некој друг за неговото време, кога вие го немате доволно.
7 Грижи заради соодветно однесување со возраста на децата
Родителите трошат ужасно многу време грижејки се заради соодветното однесување според возраста. Ќе увидите дека ова е изгубено време. Бебињата грабаат, едноставно го прават тоа. Тоа не значи дека вашето бебе ќе биде криминалец. Тодлерите имаат тантруми, тоа не значи дека сте ужасна мајка и дека вашиот тодлер е надвор од контрола - тој е едноставно тодлер. Децата се борат за независност, тоа е важен дел од развојот на мозокот, учењето и растењето. Тоа не значи дека вие сте сториле ужасна работа и дека вашето дете ве мрази, туку едноставно тоа значи дека тоа расте. Ние како возрасни знаеме бидејки сме биле научени. Гледајте на работите како на можност нешто да го поучите вашето дете, па дури и оние лекции кои мораат да се повторуваат одново и одново.
8 Грижи за тоа што ќе мислат другите луѓе
Еден од најтешките аспекти на родителството е во јавност. Наеднаш, мислињата на секој странец како да ги обзема вашите мисли, па дури и можете да се фатите како се обидувате да се прилагодите на тоа. Немојте! Игнорирајте ги гледачите, наместо тоа бидете искрени кон вас и вашето дете. На кого му е грижа што мисли човекот во продавницата додека вашиот тодлер има тантрум? Бидете родител кој сметате дека треба да бидете, без разлика дали некој гледа или не.
9 Грижи за пари
Полесно е да се каже, отколку да се стори, но финансиските грижи се причина за многу загубен сон. Колку и да имате, секогаш ќе сакавте да имате повеќе. Секогаш ќе има нешто друго, на што ќе можете да потрошите пари. Наместо да се грижите за сите работи кои не можете да ги купите или направите, фокусирајте се на оние работи кои ги можете. Уживајте во она што го имате и барајте авантури кои не ве коштаат ништо освен вашето време.
10 Грижи за иднината
Едноставно не можете да знаете што носи иднината. Грижите за иднината значат потрошено време во мачнотија. Наместо тоа - обидете се да се фокусирате да живеете во сегашноста. Искористете најмногу што можете од "сега", така во иднина кога ќе погледнете наназад нема да се гризете што сте го промашиле времето, а вашиот живот ќе биде многу помирен.. Планирајте ја иднината, но немојте да го губите сонот заради грижите за неа.
Вршите огромна работа, мамо и тато. Сите ги сакаме децата и даваме за нив најдобро што можеме. Ако скратите на грижите за погорните нешта, ќе бидете поприсутни во сегашноста и повеќе ќе уживате во моментите со вашите деца, а времето мине толку брзо.