Противно на сите шанси: Бебе родено 3 месеци порано заминува дома 16 дена пред термин

Social Buttons

Лили е здраво бебе

Уште едно сведоштво дека чуда се случуваат и ден денес. Лили се родила во 27 недела од бременоста и не тежела ниту половина килограм. Лекарите ја предупредиле нејзината мајка Сара (38) дека Лили може да помине месеци на интезивна нега заради потешкотии со дишењето.

На изненадување на сите, после 2 месеци Лили била доволно силна за да се врати дома, точно 16 дена пред терминот на кој требало да се роди.

Лили во инкубатор


Нејзиниот татко вели:

Кога се роди ми беше страв да ја допрам, изгледаше толку кршливо, не сакав да ја повредам.

Беше толку застрашувачки да се гледа толку ситна во инкубаторот. Искрено, го очекувавме најлошото.

Беше родена 3 месеци предвреме и шансите не и одеа во полза.

Беше страшно да се гледа толку мала, со сите тие цефки и жици прикачени на неа.

За среќа лекарите беа доста позитивни и сите беа спремни да помогнат.

Сара случајно си ја удрила ногата и отекла невообичаено многу. Мислела дека тоа е заради бременоста, но шефот ја убедил да појде на лекар. Се испоставило дека има прееклампсија и дека се во опасност со бебето. Примила стероиди за брзо созревање на белите дробови на бебето и била породена со царски рез во 27 недела.

Кога се родила Лили нејзините родители сфатиле дека немаат ништо купено за неа, било толку многу рано и не биле спремни.

Лили одлично напредува и сега тежи 2,5 кг - колку многу други бебиња при раѓање.

Нејзините родители се пресреќни што конечно е дома со нив и се како и секое друго семејство.

цело семејство


Designed by Antsin.com