Родителски совети за кои ќе ви биде мило што сте ги слушнале

мајка и бебе

Бременоста и раното родителство често пати се време кога сите ве опсипуваат со небарани совети, но некои од нив сепак ќе ви бидат потребни кога ќе се соочите со предизвиците и радостите на захтевните бебиња и дечиња. Еве неколку практични совети, кои ќе ви  бидат добрододени.

  1. Кога имате простор не закажувајте контроли во понеделник. Имате поголема можност да се сретнете со оние кои биле болни во текот на целиот викенд, па дошле во прва прилика на лекар.
  2. Разговарате со други мајки. Веројатно и тие поминале низ она низ што минете. Исто така некои од нив ќе имаат бебиња на иста возраст како и вашето, па ете можност за потенцијална интеракција на бебињата. Тие најчесто се живо заинтересирани едни за други.
  3. Верувале или не, бебиња престануваат да плачат. Особено е тешко да поверувате во тоа кога плачењето трае долго во текот на ноќта, но навистина е така. Понекогаш макар и две минути настрана од плачот на бебето ќе ви даде време за да се соберете и да се смирите. Доколку сте во можност партнерот или некој друг близок нека го причува на неколку минути. Неколку минути тишина знаат да бидат вистински мелем за нервите.
  4. Не се споредувајте со другите, ниту вашето бебе немојте да го споредувате со другите бебиња. Вие сте посебен пар мајка - дете и си имате своја динамика. Колку ќе качи тежина бебето е индивидуално, како и брзината со која ќе се развива. Тоа што вашето бебе не лази уште на осум месеци не значи дека нема да лази, секое бебе си има свое темпо. Тешко е, но обидете се да не си ставате дополнителни товари и грижи со споредбите, уживајте максимално во тоа што вие го имате.
  5. Не заборавајте ниту на грижата за себе. За новите мајки не е ништо невообичано да заборават да јадат, да немаат време да ја измијат косата или да се истушираат. Сепак и вие сте важна, обидете се да си одвоите време за да се истуширате, да изедете топол оброк, па дури и да отидете во тоалет секогаш кога ќе ви се мокри (да, новите мајки често пати и од тоа се лишуваат).
  6. Вие знаете што е најдобро за вашето бебе. Внимавајте да не мерите со другите родители, секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното бебе. Немојте да ги потценувате другите, ниту пак обратно. Сетете се, вие сте уникатно семејство.
  7. Родителството си има свои екстреми. Ќе има време кога ќе бидете нервозни и фрустрирани. Ќе има време кога ќе мислите дека е невозможно да чувстувате повеќе љубов и благодарност, ќе има и време кога ќе ве мачи грижа на совеста заради моментите на фрустрација кога ќе го видите вашето ангелче како мирно спие. Се тоа се нормални чувства, кои ги има секоја мама.
  8. Никогаш немојте да заборавите дека вие правите најдобро што можете. Нема совршен начин да се одгледа дете, земајте ги работите ден за ден и не се оптоварувајте со непотребното.