Бебе старо еден ден во базен со таткото инструктор
Феникс имал само 31 час и 46 минути кога ја имал својата прва сесија по пливање со неговиот татко Симон.
Иако е толку мал и можел да ги држи отворени очите само неколку минути, Феникс уживал во базенот и покажал забележителна самодоверба. Неговиот татко е инструктор по пливање за бебиња, во школата Водени бебиња и држи часеви на илјадници бебиња нив цела В. Британија. На прашањето зошто? Тој одговара со: Зошто да не?
Таткото кажува дека Феникс навистина уживал во поминатото време во базенот и веднаш ја прифатил водата.
Истражувањата покажале дека бебињата кои учествуваат во школата Водени бебиња, имаат подобри навики за јадење и спиење.
Шокот од нагло потонување кај децата често пати предизвикува паника. Но, со внимателно воведување во вода што е можно порано, бебињата имаат помала веројатност дека ќе се исплашат ако паднат во вода. Симон вели дека барем 10 од неговите ученици, од кои 5 биле помлади од 2 години, имале шанса да ги искористат своите вештини во ситуации кои биле опасни по живот.
Инструкторката Џема пак вели дека бебињата сакаат да бидат во вода и тоа го покажуваат со гугање и кикотење.
Новороденчињата сепак не можат природно да пливаат под вода. Тие инсиктивно го задржуваат здивот кога се под вода и можат да се движат слободно во водата ако ја подржувате нивната тежина, но немаат сила за да излезат на површината.