Дали навистина бебињата се раѓаат со способност за пливање?

бебиња и пливање

Интересно прашање, одговорот е Да, бебињата се раѓаат со природна способност за пливање, но потребна им е вашата помош. Природната способност за пливање кај бебињата се состои од рефлекси кога се наоѓаат во вода. Овие рефлекси се најсилни во првите 6 месеци од животот, тоа се:

Пливачки рефлекс. Ако го придржувате бебето додека е во вода на стомак, тоа ќе прави пливачки движења со нозете и рацете.

Рефлекс за ронење. Вашето бебе ќе го држи здивот и ќе ги отвори очите кога е под вода. Можете да предизвикате слична реакција и ако нежно му дувнете во лицето.

Бебињата сакаат да се брчкаат во водата и тоа за нив е одлична вежба. Но има неколку работи на кои треба да внимавате пред двајцата да влезете во вода:

Колку и да сакате да пливате, немојте да го правите тоа ако сте неодамна породени. Почекате 7 дена без никакво крварење или исцедок.

Ако имате конци од царски рез, почекајте да помине постнаталниот преглед после 6 недели и консултирајте се со вашиот лекар дали можете да почнете да влегувате во вода.

Ако се работи за бебе помало од 6 месеци, капете го само во топла вода од околу 32 степени. Ако бебето почне да се тресе или му студи веднаш извадете го од водата.

бебе плива


Исто така имајте во предвид дека на некои бебиња нема да им се допадне да бидат во вода, и покрај тоа што ги имаат рефлексите.