Пред 17 години преживеала абортус кој го убил нејзиниот близнак

Social Buttons

Кортни

Courtney Halvorson е средношколка и ужива во животот, но таа не би требало да биде жива. Не заради некој пијан возач или друга трагична несреќа, туку затоа што требало да умре во абортус.

Кога имала 14 години Кортни открила дека е посвоена, нешто што ја шокирало, но сепак открила нешто уште пошокантно.

Мајката на Кортни имала абортус кога била во 6-та недела од бременоста. Тоа се случило некаде во втората половина на Јануари, 1996 година. Она што оној, кој го извршил абортусот не знаел било дека таа била бремена со близнаци. Кортни преживеала, но нејзиниот близнак не.

Кортни раскажува за нејзината мајка:

Кога таа се вратила за ултразвучен преглед во Март 1996 г., открила дека абортусот бил половичен. Таа имала близнаци, а јас бев сеуште жива!

Мајката на Кортни имала опција да има уште еден абортус, но Кортни вели дека бидејки го слушнала нејзиното срце, решила да и даде живот.

Кортни се родила предвремено, на 19 Јуни 1996 г. и тежела само половина килограм. Нејзината мајка била во 27- ма недела од бременоста.

Кортни била посвоена од нејзините родители Darlene и Glenn Halvorson. Нејзината мајка која ја посвоила била медицинска сестра во Бирмингем, каде што ја запознала биолошката мајка на Кортни. Кортни кажува:

Лекарите им кажале на моите родители, што ме посвоија, дека нема да преживеам.

Таа поминала во болница 3 месеци и имала повеќе здравствени проблеми, кои се карактеристични за предвремено родени бебиња, како Кронова болест и хидронефроза - нарушување на десниот бубрег. Исто така имала и повеќе операции на стопалото.

Кортни вели:

Не поминува ден без да помислам на мојот близнак и се прашувам што би можел да биде. Но, знам дека Бог има план за мене, и знам дека мојот сладок близнак ме држи на око постојано.

Се надевам дека еден ден луѓето ќе сфатат дека абортусот е убиство и дека има многу други опции. Но дотогаш, ќе продолжам да ја споделувам мојата приказна.

Designed by Antsin.com