Нетоксичен и ефтин домашен пластелин
Кое дете не ужива во игрите со пластелин, во разните облици и бои и бесконечните можности за креирање. Еве една рецепта за домашен пластелин, ефтин и без токсични хемикалии.
Потребен материјал за пластелинот:
2 Чаши вода
2 Чаши брашно
1 Чаша сол
2 Лажици масло
2 Пакетчиња лимонтоз
Прехрамбени бои
Изработка на пластелинот:
Измешајте ги состојките, со исклучок на прехрамбените бои и ставете ги да се варат на тивок оган. Мешајте додека не добиете тесто.
Тестото нека се излади во тенџерето, а потоа нежно месете го околу 2 минути. Ако тестото се лепи додадете малку брашно.
Разделете ја смесата на неколку дела. Во секој дел, направете вдлабнатина и ставете по една боја, па повторно измесете.
Резулататот пријатно ќе ве изненади. Добиениот пластелин нема да има пријатен вкус, но доколку детето и вкуси од него нема да биде тосичен. (се разбира дека не треба да го охрабрувате да го јаде пластелинот)
Пластелинот чувајте го во кутија за да не се суши.