Прегратките лекуваат и штитат
Social Buttons
Научниците потврдуваат дека прегратките се добри за нашето здравје. Тие помагаат да се спречат инфекциите и да се ослободиме од стресот.
Истражувачите уште велат дека прегратката е доволна за да се намалат симптомите на болеста, без разлика на количината на стрес, под кој се наоѓате. И тоа, колку повеќе прегратки, толку подобро.
Луѓето кои чувстуваат дека имаат подршка и примаат многу прегратки, доживуваат помалку сериозни здравствени симптоми, без разлика на стресот под кој се наоѓаат.
Научниците од Карнеги Мелон Универзитетот, САД, испрашале 400 луѓе за нивните лични конфликти и видот на подршка, која ја примаат. Потоа истите луѓе ги изложиле на вирус на обична настинка и ги сместиле во карантин.
Резултатите покажале дека луѓето кои се чувстувале подржани од семејството и пријателите имале помали изгледи да станат жртви на инфекција, како резултат на стресна ситуација.
Прегратите биле заслужни за една третина од заштитните ефекти на општествената подршка.
Sheldon Cohen, професор по психологија, вели:
Ова сугерира, дека прегратката од доверлива личност може да делува како ефективно средство за пренесување подршка. Исто така, зголемената зачестеност на прегратките може да биде ефективно средство за наламување на штетните ефекти на стресот.
Таа уште додава дека позитивниот ефект на прегратките може да се должи на физичкиот контакт или пак на чувството на подршка и интимност, кое го дава прегратката.
Како и да е, оние кои примаат повеќе прегратки на некој начин се позашитетни од инфекции.
Професорката уште вели:
Знаеме дека луѓето кои имаат продолжителни конфликти со другите, имаат помала способност да се борат со вирусите на настинките.
Исто така знаеме дека луѓето, кои изјавиле дека имаат социјална подршка се делумно заштитени од ефектите на стресот врз психолошките состојби, како депресија или акнсиозност.
Резултатите од студијата се објавени во Psychological Science.



