Мајка и син

Мојата мајка имаше едно око. Ја мразев, толку многу ме срамеше. Мојата мајка маше мала продавница на пазарот. Собираше тревки и ги продаваше, само за да ги собере парите кои ни беа потребни, таа беше таков срам. Еден ден кога одев во основно училиште, дојде мојата мајка. Бев толку засрамен. Како можеше да ми го направи тоа? Ја погледнав со поглед полн со омраза и побегнав. Следниот ден на училиште децата зборуваа и ми се потсмеваа: Мајка ти има само едно око?!

Сакав мајка ми едноставно да исчезне од овој свет, па и реков: Мамо зошто го немаш и другот око? Само ќе ме изложуваш на потсмев. Зошто едноставно не умреш? Мајка ми не одговори ништо. Се чувствував малку лошо заради тоа што го реков, но во исто време се чувствував и добро заради тоа што го кажав она што сакав да го кажам цело ова време.

Можеби тоа беше затоа што мајка ми не ме казни, но не мислев дека многу ги повредив нејзините чувства.

Таа ноќ... се разбудив и отидов во кујната да земам чаша вода. Мојата мајка таму плачеше толку тивко, како да се плашеше дека ќе ме разбуди. Ја погледнав, се завртев и си заминав. Заради зборовите кои и ги кажав претходно имаше нешто што ме прободуваше во некој агол од моето срце. Сепак, ја мразев мојата мајка која плачеше од едното око. Така си реков себе на си: Ќе пораснам и ќе станам успешен, бидејки ја мразев мојата мајка со едно око и нашата очајна сиромаштија.

Тогаш почнав да напорно да учам. Ја оставив мојата мајка, дојдов во Сеул да студирам и бев примен на Унивезитетот таму со целата самодоверба која ја имав. Тогаш се оженив, купив куќа, добив и деца. Сега живеам среќно, како успешен човек. Ми се допаѓа тука бидејки ова место не ме потсетува на мојата мајка.

Мојата среќа се повеќе растеше, кога одеднаш добив неочекувана посета. Што?! Кој е ова?!... Тоа беше мајка ми... Се уште со едно око. Почувствував како целото небо да се сруш врз мене. Мојата ќеркичка побегна исплашена од окото на мајка ми.

Ја прашав, Која си ти? Не те познавам!!! Како да се обидував да го направам тоа реалност. И се развикав: "Како се осмелуваш да дојдеш во мојата куќа и да ја уплашиш мојата ќерка? Бегај од тука!" На ова мајка ми одговори: Ох извинете. Можеби сум добила погрешна адреса и исчезна. Бев благодарен што не ме препозна. Многу ми олесна. Си реков дека нема да ми биде грижа ниту ќе размислувам за оваа случка до крајот на животот.

Тогаш дојде бран од олеснување врз мене... Еден ден дојде писмо во кое бев известен за собирање на генерацијата од моето училиште. Ја излажам жена ми дека ќе одам на службено патување. По завршувањето на геерациската средба, отидов во старата колиба, која некогаш ја нарекував дом... чисто од радозналост. Ја најдов мајка ми падната на ладниот под. Но не пролеав ниту една солза. Таа имаше парче хартија во нејзината рака... тоа беше писмо до мене.

Мој Сине,

Мислам дека мојот живот беше доволно долг. И ... нема повеќе да го посетам Сеул... но дали ќе биде премногу ако те замолам да дојдеш и да ме посетиш понекогаш? Толку многу ми недостасуваш. Ми беше многу мило кога слушнав дека доаѓаш на генерациската средба. Но одлучив да не дојдам во училиштето... За тебе... Жал ми е што имам само едно око и што сум срам за тебе.

Знаеш, кога беше мал доживеа незгода и го загуби окото. Како мајка, не можев да поднесам да гледам како растеш со само едно око... затоа го дадов моето... бев горда што мојот син ќе може да гледа цел еден свет за мене, на мое место, со тоа око. Никогаш не ти се лутев заради било што да направаше. Кога ќе се налутеше на мене, си велев во себе си, "тоа е затоа што ме сака" Ми недостасува времето кога беше мал и сеуште околу мене.

Толку многу ми недостасуваш. Те љубам. Ти ми значиш се на светот.

Мојот свет се разниша! Тогаш почнав да плачам по личноста која живееше за мене. Мојата мајка.

Designed by Antsin.com