Згоените деца покажуваат знаци на срцево заболување
Social Buttons

Децата со згоеност покажуваат знаци на срцево заболување, кое нормално се забележува кај средовечни луѓе.
Зголеменото стврднување на аортата е нешто што вообичаено се гледа кај средовечните возрасни луѓе со кардиоваскуларни заболувања. Сега истата состојба е забележана кај згоените деца.
Водачот на студијата Др. Kevin Harris вели дека се работи за процес на стареење на аортата, но кој е забрзан кај децата.
Дебелината е опасна за здравјето на децата
Изненадени сме што откривме дека кај овие дебели деца веќе има стврднување на крвните садови.
Стврднувањето на аортата е ран индикатор за кардиоваклуларни заболувања кај згоените деца.
Аортата е најголемата артерија во човечкото тело. Таа ја разнесува збогатената крв со кислород до другите артерии и служи како амортизер при пумпањето на крвта во срцето.
Зголемената стврднатост на аортата типично се поврзува со стареењето и е силен индикатор за срцеви проблеми и морталитет кај возрасните.
Др. Kevin Harris вели дека нормално аортата има квалитет на еластичност за да го амортизира протекот на крв. Кога еластичноста се губи, аортата се стврднува и резултатот е заболување на срцето.
Просечната возраст на испитуваните деца била 13 години.
Во студијата биле испитани 63 згоени деца и биле споредени со контролна група од 55 деца со нормална тежина. Им бил измерен крвниот притисок, била направена проценка на мастите и им бил пресметан индексот на телесна маса (BMI).
Потоа на децата им била направена ехокардиографија - односно ултразвук на срцето и крвните садови. Со тестот се покажува колку брзо се движи крвта низ аортата.
Резултатите покажале дека систоличниот притисок бил само малку повисок кај дебелите деца. Нивото на масти во крвта било нормално. Но здравјето на аретриите веќе било нарушено.
Др. Kevin Harris вели дека резултатите се значајни затоа што еластичноста на аортата била намалена, иако другите индикатори на здравјето на срцето биле нормални, како нивото на масти во крвта и крниот притисок.
Др. Beth Abramson додава:
Забележаните промени на срцето и крвните садови кај децата се екстремно алармантни.
Знаеме дека има поврзаност помеѓу нездравиот начин на живот и срцевите заболувања. Нашите деца се со ризик.
Лошата исхрана и неактивноста се закануваат на нивната добростостојба. Мораме одново да размислиме за животните стандарди кои ги прифативме како општество, за да го зашитиме здравјето на децата во иднина.


