Традиционалните игри за деца се одлични за подобрување на нивната слика за себе

Психологот Линда Пападопулос преку своите истражувања утврдила дека едноставните игри како криенка или школка се клучни за да ги спречат децата да бидат загрижени за својата тежина или да имаат негативно мислење за својот изглед. Таа вели дека нејзиното истражување покажало дека игрите можат да им помогнат на децата, кои имаат негативна слика за себе, а кај некои тоа било утврдено уште на 5 годишна возраст.

Студии покажуваат дека дека 25% од девојчињата на возраст од 7 години некогаш се обиделе да држат диета, а 30% од момчињата на возраст од 8-12 години се обиделе да ослабат.

На децата треба да им се дозволи да се вратат на старите игри како криенка или школка, за да ги победат грижите за својот изглед.

 



Др. Пападопулос вели дека нејзиното истражување покажало дека има деца кои се загрижени за својот изглед уште на возраст од 5 години. Таа вели дека традиционалните игри ќе им помогнат на децата да имаат повеќе доверба во своите тела во иднина. Активната игра им овозможува и на децата што не се многу наклонети кон спорт да добијат самодоверба, која ќе им помогне за да ги победат грижите.

Извештајот на Пападопулос по име "Физичката активност и сликата за телото", открива дека играта е исто толку важна како и спортот.

Родителите кои ги охрабруваат децата да се вклучат во редовни физички активности, како активна игра, уште од рана возраст им помагаат да развијат поголемо самопочитување и емотивна издржливост.

Таа вели дека играта е исто толку важна колку и формалното спортување, за децата да добијат подобра слика за себе и да бидат поспособни да се справат со надворешните пораки за изгледот на телото, како оние што ги добиваат преку рекламите, кои постојано ги бомбардираат додека растат.

Децата кои се активни и се забавуваат имаат многу поголем изглед дека ќе развијат позитивен поглед кон физичката активност. Оние деца кои не се наклонети кон спорт можат да бидат вклучени во друг вид активности, како шетање во природа, натпревар во влечење на јаже, играње со топка итн.

 

Скриена слика: