Дајте им на децата ефтини играчки
Social Buttons

Децата кои си играат со ефтини и едноставни играчки се поактивни и покреативни - тврди нова студија, објавена во списанието BMC Public Health.
На група од 120 деца, на возраст помеѓу 5 и 12 години им биле дадени едноставни играчки, како кутии, кофи, цевки, душеци за вежбање, бали со сено и играчки од пена за базен.
Тие биле споредени со група деца од блиското училиште, кои имале скапо игралиште, кое вклучувало лизгалки, справи за вежбање и сл.
Децата кои си играле со ефтините играчки биле физички поактивни и покреативни, отколку децата на скапото игралиште. Времето на седење кај нив било 30,5%, во споредба со 61,5% кај групата на скапото игралиште.
Истражувачите веруваат дека конвенционалните игралишта можат да ја загушат енергичноста и фантазијата на децата и дека ефтините играчки се еден начин за намалување на проблемите со прекумерна тежина кај децата.
Децата кои си играле со секојдневни предмети од домакинството правеле 13 чекори во минута и си играле поинтезивно, отколку оние на традиционално игралиште.
Др. Brendon Hyndman, од Универзитетот на Мелбурн, вели:
Конвенционалните игралишта се дизајнирани од возрасните, тие всушност не го земаат во обзир начинот на кој сакаат да си играат децата. Во време кога дебелината кај децата се повеќе расте, а игралиштата се смалуваат, потребен ни е пристап кој ќе ја стимулира физичката активност помеѓу децата на школска возраст.


